1 2 Мојс 20,12; 5 Мојс 5,16; 27,16; Ефес 6,1-3 Деца, послушајте ме мене, вашиот татко, и постапувајте така, за да се спасите,
23 Мојс 19,3; Изреки 1,8зашто Господ го прави славен таткото преку неговите деца; Тој го утврдил правото на мајката над нејзините синови.
3Кој го почитува татко си – ќе се очисти од своите гревови,
4а кој се однесува со почит кон својата мајка – придобива големо богатство.
5Кој го почитува својот татко – ќе има радост од своите деца и во денот на неговата молитва ќе биде слушнат.
62 Мојс 20,12; Изреки 29,17Кој го почитува татко си, долго ќе живее, а кој Го слуша Господа, ќе ја успокојува својата мајка.
7Кој има страхопочит кон Господа, тој го почитува татко си; на своите родители им служи како на господари.
8Мт 21,28-31; Мк 7,9-13со дела и со зборови почитувај ги твоите родители, за да бидеш благословен од нив.
91 Мојс 27,27-29; 48,15-20; 49,3-29; 5 Мојс 33,1-25Зашто благословот на таткото ги утврдува домовите на децата, а мајчината клетва ги урива до темели.
10Не барај ја својата слава во срамот на својот татко, зашто срамот на твојот татко не може да биде чест за тебе.
11Изреки 17,6Славата на човекот доаѓа од честа на неговиот татко, а непристојната мајка е срам за своите деца.
12Изреки 19,26; Мт 15,4-6Синко, помогни му на татко ти во неговата старост и не го огорчувај додека е жив.
13Изреки 20,20Ако неговиот ум и ослабнал, биди благ кон него и не го навредувај, кога си во полна сила,
14зашто не се заборава милоста кон таткото; и покрај сите твои гревови, твојата благосостојба ќе расте.
15Во деновите на твојата неволја Господ ќе се сети на тебе; како мразот од топлината, така ќе се истопат твоите гревови.
162 Мојс 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 27,16; Изреки 19,26Богохулник е оној којшто го остава својот татко, а проколнат од Господа е оној што ја навредува својата мајка.
Предностите на скромноста17 Мт 20,26-28; Фил 2,3-8 Синко, со кротост врши ги твоите работи, и од богоугоден човек ќе бидеш сакан.
18Колку си поголем, толку повеќе биди понизен, за да најдеш милост во Господа.
19Голем е бројот на издигнатите и славни луѓе, но тајните им се откриваат само на смирените.
20Изреки 3,34; Пс 24,14; Лк 10,21Зашто голема е Божјата моќност; Него Го прославуваат понизните.
21Пс 130,1; 139,6Не барај го она што е преголемо и претешко за тебе; не истражувај го она што е над твоите сили.
22Размислувај за она што ти е заповедано; не се занимавај со она што е сокриено од тебе.
23При многу твои занимања не грижи се за она што ти е непотребно; тебе ти се откриени многу човечки знаења.
24Многумина се воведени во заблуда од нивните претпоставки; лукавите замисли го поколебуваат нивниот ум.
25Кој ги сака опасностите – ќе падне во нив.
26Изреки 28,14; Рим 2,5Тврдокорното срце ќе претрпи зло на крајот.
27Ис 30,1Упорното срце ќе биде оптоварено со неволји, а грешникот натрупува грев врз грев.
2821,3; Изреки 6,15За болеста на горделивиот нема лек; лоша билка се вкоренила во него.
2914,20-21; Изреки 15,31Срцето на разумниот размислува за злото; внимателното уво е желба на мудриот.
Братско потпомагање30 7,32-36; 29,8-13; 5 Мојс 15,7-11; Тов 4,7-11; 12,9; 1 Птр 4,8 Водата гасне оган што гори, а милостината чисти од гревови.
31Оној што враќа со добро за добрите дела, тој мисли за иднината; во тешко време, ќе најде поткрепа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.