1Во дните на Давид имаше по земјата три години глад, година по година. Давид Го праша Господа. И Господ рече: „Тоа е поради Саул и крвничкиот дом негов, поради тоа што ги убиваше Гаваонците.“
2Ис.Н. 9,1-27Тогаш царот ги повика Гаваонците и зборуваше со нив. Гаваонците не беа од Израилевите синови, туку остатоци од Аморејците, на кои Израилците им се заколнаа дека ќе ги поштедат, но Саул сакаше да ги уништи од ревност кон потомците на Израил и на Јуда.
3И Давид им рече на Гаваонците: „Што да направам за вас и со што да ве задоволам за да го благословите наследството Господово?“
4Гаваонците му одговорија: „Не ни треба ни сребро, ни злато од Саул, ниту од неговиот дом, не ни треба да биде убиен некој од Израил.“ Тој праша: „А што сакате? Јас ќе направам.“
5Тие му одговорија на царот: „Од оној човек што нѐ погубуваше и сакаше да нѐ истреби, за да нѐ нема никаде во израилските предели, –
64 Мојс 25,4од неговите потомци предај ни седум души, и ние ќе ги обесиме среде бел ден пред Господ во Гива, градот на Саул, избраник Господов.“ А царот рече: „Ќе ви предадам.“
71 Цар 20,14-17; 20,42; 23,17-18Но царот го поштеди Мемфивостеј, синот на Јонатан, Сауловиот син, поради клетвата во името Господово, која беше меѓу нив, меѓу Давид и Сауловиот син Јонатан.
83,7; 6,23; 1 Цар 18,19И ги зеде царот двајцата синови на Рицпа, ќерката на Аја, што таа му ги беше родила на Саул – Армониј и Мемфивостеј, и петте синови на Михала, што таа му ги беше родила на Адриел, синот на Верзелиј од Мехола.
9И ги предаде во рацете на Гаваонците, и тие ги обесија среде бел ден на гората пред Господ. И загинаа сите тие седум души заедно; тие беа погубени во првите дни на жетвата, во почетокот на јачменовата жетва.
105 Мојс 21,22-23; 1 Цар 17,44.46Тогаш Рицпа, ќерката на Аја, зеде вреќа, си ја посла на карпа, и седеше од почетокот на жетвата, сѐ додека не се излеаја врз нив од небото Божјите води, и не остави да се допрат до мртвите тела птиците небески дење, и полските ѕверови ноќе.
11И му соопштија на Давид што направила Рицпа, ќерката на Аја, Сауловата наложница. (И тие истлеани ги прибра Дан, синот на Јоја, од потомците на исполините).
121 Цар 31,10-13Давид отиде, та ги прибра коските на Саул и коските на синот негов Јонатан од жителите на Јавеш Галаадски, кои ги беа зеле тајно од плоштадот на Бет-Шан, каде што ги беа обесиле Филистејците, во денот кога Филистејците го убија Саул во Гелвуја.
13Тој ги пренесе оттаму коските на Саул и коските на синот негов Јонатан; и ги собра коските на обесените.
1424,25; Ис.Н. 18,28; 1 Цар 9,1И ги погреба коските на Саул и на синот негов Јонатан, (и коските на обесените) во земјата Венијаминова, во Цела, во гробот на татко му Кис. И извршија сѐ што беше заповедал царот. И потоа Бог се смили над земјата.
Битки против Филистејците15И започна пак војна меѓу Филистејците и Израилците. И излезе Давид и слугите негови со него и војуваа со Филистејците; и Давид се умори.
16Тогаш Јишби-Бенов, еден од потомците на Харафа, чие копје тежеше триста шекели бакар и кој беше препашан со нов меч, сакаше да го убие Давид.
1718,3; 3 Цар 11,36Но Авеса, синот на Саруја, му помогна (и го спаси Давид) и го удри Филистеецот и го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа и рекоа: „Ти нема повеќе да излегуваш со нас во војна за да не згасне светилото Израилево.“
181 Лет 20,4-8Потоа пак имаше војна со Филистејците во Гов; тогаш Сивхај од Хуша го уби Саф, еден друг потомок на Харафа.
19Стана и друга битка во Гет; тогаш Елханан, синот на Јааре-Орегим витлеемецот, го уби Гетчанецот Голијат, на кого дршката на копјето му беше колку ткаечко кросно.
20Настана уште една војна во Гет; и таму имаше еден крупен човек, исто така од потомците на Харафа, со по шест прсти на рацете и на нозете, вкупно дваесет и четири.
21Тој ги навредуваше Израилците; но Јонатан, синот на Шима, Давидовиот брат, го уби.
22Тие четворицата беа од родот на Харафа во Гет, и паднаа од раката на Давид и на слугите негови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.