Исус Навин 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Сојузништво со Гаваонците

1 5 Мојс 7,1; Суд 1,9 Откако слушнаа за тоа царевите, кои беа од оваа страна на Јордан, по планината и рамнината и по целиот брег на Големото Море, па сѐ до Ливан, – Хитијците, Аморејците, (Гергесеј­ците), Хананците, Перизијците, Евеј­ците и Јевусијците,

2се собраа сите, за да удрат заедно про­тив Исус и Израил.

38,1Но жителите Гаваонски, откако чу­ја, што му направил Господ на Ери­хон и на Гај,

4употребија и тие итрина; отидоа и се снабдија со храна за пат и ставија ветви вреќи на магарињата свои и ветви, ис­покинати и закрпени мевови за вино;

5и обувките на нозете им беа стари, закрпени, и облеката нивна – ветва; и сиот леб нивни за пат беше сув и мув­лосан.

69,22; 1 Мојс 26,28Тие дојдоа кај Исус во логорот во Гилгал и му рекоа нему и на сите Израилци: „Ние сме дојдени од многу далечна земја и ве молиме да склучите со нас сојуз.“

72 Мојс 23,32; 5 Мојс 7,2А Израилците им одговорија на Евејците: „Вие, можеби, живеете близу до нас; како ќе склучиме сојуз со вас?“

84 Цар 10,5Тие му рекоа на Исус: „Ние сме твои робови.“ А Исус ги праша: „Кои сте вие и од каде сте дошле?“

92,10Тие му одговорија: „Од многу да­лечна земја се дојдени твоите робови во името на Господ, твојот Бог, зашто ја чувме славата Негова и за сѐ што извр­шил Тој во Египет,

104 Мојс 21,24-35; 5 Мојс 1,4и за сѐ она, што им направи на двај­цата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан, на хешбонскиот цар Сион и на башанскиот цар Ог, кој живееше во Аштарот (и Едгаје).

11Затоа старешините наши и сите жи­тели на нашата земја ни рекоа: земете во рацете свои леб за пат, одете им во пресрет и кажете им: Ние сме ваши робови; па, ако сакате, склучете сојуз со нас.

12Овој наш леб го зедовме од куќите наши топол во денот, кога тргнавме кон вас, а сега ете, тој се исушил и мувло­сал;

13и овие мевови со вино, кои кога ги наполнивме беа нови, ете се испокинаа; и овие наши облеки и обувките изветвеа поради многу долгиот пат.“

14И родоначалниците го зедоа нив­ниот леб, а Господа не Го прашаа.

1510,1.4; 11,19Тогаш Исус склучи со нив мир и даде завет дека ќе им го зачува животот; и родоначалниците на заедницата им се заколнаа.

16А по три дена, откако склучија со нив сојуз, слушнаа дека тие биле нивни соседи и дека живеат близу до нив;

17зашто синовите Израилеви кога тргнаа на пат, дојдоа до градовите нив­ни на третиот ден; градовите нивни, пак, беа: Гаваон, Кефира, Беерот и Кирјат-Јарим.

182 Мојс 15,24(Исус и) синовите Израилеви не ги погубија, зашто сите кнезови народни им се заколнаа во Господ, Израилевиот Бог. Затоа целата заедница Израилева негодуваше поради родоначалниците.

19Сите родоначалници рекоа пред целата заедница: „Им се заколнавме во Господ, Израилевиот Бог, и затоа не смееме да ги допреме нив;

20а, еве, што ќе направиме со нив: ќе ги оставиме живи, за да не нѐ стигне гневот поради заклетвата, со која им се заколнавме.“

215 Мојс 29,11И на родоначалниците уште им рекоа: „Нека живеат, но ќе сечат дрва и ќе носат вода за целата заедница.“ И це­лиот народ го прифати тоа што му ре­коа родоначалниците.

22Исус ги повика и им рече: „Зошто нѐ измамивте, кога рековте: ‚ние сме многу далеку од вас, а вие сте живееле блиску до нас?‘

23Отсега да сте проклети! Вечно ќе бидете робови, ќе сечете дрва и ќе носите вода за (мене и за) домот на мојот Бог!“

24Тие му одговорија на Исус и рекоа: „Дојде до ушите на твоите робови дека Господ, твојот Бог, му заповедал на својот слуга Мојсеј дека ќе ви ја даде целата земја, и дека ќе нѐ погуби нас и сите жители на оваа земја пред ваши очи; затоа ние многу се уплашивме да не ни го земете животот, па така постапивме;

25сега, ете, ние сме во твои раце: како ти се чини дека е подобро и посправед­ливо да постапиш со нас, така и на­прави.“

26И Исус така и постапи со нив: ги избави од рацете на синовите Израи­леви, и тие не ги погубија.

275 Мојс 29,11-12И во тој ден Исус нареди тие да се­чат дрва и да носат вода за целата заедница и за жртвеникот на Господ; (поради тоа оние што живееја во Гаваон ос­танаа дрвосечачи и водоносци за жрт­веникот Божји) дури и до денес, на она место, што ќе го избере Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help