2 Летописи 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Подготовки за празникот Пасха

1 1 Мојс 41,52; 2 Мојс 12,11; 4 Мојс 28,16; 1 Лет 9,1 Езекија испрати гласници по целата земја израилска и Јудеја, а напиша и писма до Ефрем и племињата на Манасија, да дојдат во домот Господов во Ерусалим, за да прослават Пасха на Господ, Бог Израилев.

2А во советот царот и началниците и целото собрание во Ерусалим решија да прослават Пасха на вториот месец,

34 Мојс 9,6-13бидејќи не можеа да ја прослават кога ѝ беше времето, зашто уште немаше доволен број осветени свештеници, па и народот не се беше собрал во Ерусалим.

4Тоа му се допадна на царот и на целото собрание.

5Суд 20,1И решија да разгласат по цел Израил, од Вирсавија до Дан, да отидат во Ерусалим да Му направат Пасха на Господ, Бог Израилев, зашто одамна не ја беа правеле, како што е наредено.

62 Мојс 3,6И тргнаа гласници со писма од ца­рот и од началниците негови по целата земја израилска и Јудеја, и по заповед на царот велеа: „Деца израилски! Обра­тете се кон Господ, Бог Авраамов, Иса­ков и Израилев, и Тој ќе се сврти кон оние, што се унесреќени меѓу вас од раката на асирските цареви.

75 Мојс 28,25; Ер 11,10; Ез 20,18; Пс 77,8; 1 Лет 5,25И не бидете како предците ваши и браќата ваши, кои постапуваа беззаконо пред Господ, Бог на вашите предци, и Тој ги предаде за истребување, како што гледате.

82 Мојс 23,9; 4 Мојс 25,4Сега не бидете тврдоглави како вашите предци, покорете Му се на Господ и доаѓајте во светилиштето Не­гово, кое Тој го освети засекогаш; служете Му на Господ, нашиот Бог, и Тој ќе го отстрани од вас пламенот на Својот гнев.

92 Мојс 34,6-7; 5 Мојс 30,2-5; Ис 1,16; Ер 25,5; Ез 33,11Кога ќе се обратите кон Господ, бра­ќата ваши и децата ваши ќе најдат ми­лост кај оние, што ги заробиле, и ќе се вратат во оваа земја; зашто Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обратите кон Него.“

10Гласниците одеа од град во град по земјата Ефремова и Манасиева, сѐ до Завулоновата, но им се смееја и се подбиваа со нив.

11Само некои од коленото Асирово, Манасиево и Завулоново се понизија и дојдоа во Ерусалим.

12Ер 32,39; Ез 11,19А над Јудеја беше раката Божја, та им даде еднодушност, за да ја исполнат заповедта на царот и началниците, спо­ред словото Господово.

Празнување на Пасхата

13 4 Мојс 28,16 И се собра во Ерусалим многу на­род, за да го празнуваат празникот на Бесквасниците пред вториот месец: собранието беше многубројно.

1428,24; 2 Цар 15,23Па станаа и ги растурија жртвени­ците, што беа во Ерусалим, и сѐ, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон,

15го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот ме­сец. Свештениците и левитите, посрамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов,

16и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците оросуваа со крв, земајќи ја од рацете на левитите.

17А бидејќи во собранието имаше мнозина кои не се беа осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господ.

182 Мојс 12,43-49; 4 Мојс 9,6-10Мнозина од народот, повеќето од племето Ефремово и Манасиево, Иса­харово и Завулоново, не се очистија; но и тие јадеа пасха, непрописно.

19Но Езекија се помоли за нив и рече: „Благиот Господ да му прости на секого, кој го расположил срцето свое да Го бара Господ Бог, Бог на своите предци, макар и без свештено очистување.“

20И Господ го послуша Езекија и му прости на народот.

212 Мојс 12,15.17Така синовите Израилеви, кои беа во Ерусалим, го извршија празникот на Бесквасниците седум дена со голема ве­селба; секој ден левитите и свеште­ни­ците Го славеа Господа со свирки, нагласени за славословување на Господ.

22И говореше Езекија според срцето на сите левити, кои знаеја добро да Му служат на Господ. И ја јадеа празнич­ната жртва седум дена, принесувајќи свечени жртви и славејќи Го Господ, Бог на своите предци.

Празнувањето продолжува

23И целото собрание реши да празнува уште седум дена, и ги поминаа тие седум дена во веселба,

24зашто Езекија, цар јудејски, дотера за собраните илјада телиња и десет илјади ситен добиток, кнезовите му подарија на собранието илјада телиња и десет илјади ситен добиток; тогаш веќе се осветија голем број свештеници.

2511,16-17; 15,9; 3 Цар 8,5; 1 Езд 6,17И се веселеа сите собрани од Јудеја, свештеници и левити, и целото собра­ние, надојдено од Израил, и дојденците што беа дошле од израилската земја и кои живееја во Јудеја.

26И стана голема веселба во Еруса­лим, зашто од дните на Соломон, син Давидов, цар израилски, не се случи такво нешто во Ерусалим.

272 Мојс 39,43; 3 Мојс 9,22-23Тогаш станаа свештениците и левитите и го благословија народот; и нив­ниот глас беше чуен од Господ, и мо­литвата нивна се вознесе до небесата, во светото Негово живеалиште.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help