Римјаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поздрав

1 Дела 9,15; 26,16-18; 1 Кор 1,1 Павле, слуга на Исус Христос, повикан за апостол, издвоен за Еван­гелието Божјо,

2кое Бог однапред го беше ветил пре­ку пророците, во Светите Писма,

39,5; Откр 22,16за Својот Син, по тело роден од се­мето Давидово,

4Дела 13,33одреден како Син Божји во силата, по Духот на светоста, преку воскресе­ни­ето од мртвите, Исус Христос, на­шиот Господ.

56,15-20; 15,15-18; Дела 9,15; 26,16-18; Гал 2,7.9; 2 Сол 1,8Преку Него добивме благодат и апостолство за да ги приведеме на пос­лушност кон верата меѓу сите народи во Негово име,

6меѓу кои сте и вие, повиканите од Исус Христос.

7Дела 9,13; 1 Кор 1,2-3; 8,6; 2 Кор 1,1-2; Гал 1,3; 1 Тим 1,2; Тит 1,4; Фил 1,3До сите вас во Рим, возљубени од Бога и повикани да бидете свети: благодат и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос.

Желбата на Павле да ги посети христијаните во Рим

8 16,19; 1 Сол 1,8 Пред сѐ, Му благодарам на Мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се разгласува по целиот свет;

915,16; 2 Кор 1,23; Ефес 1,16; Фил 1,8Бог, Кому Му служам со својот дух, преку Евангелието на Неговиот Син, сведок ми е дека постојано си спомнувам за вас

1015,23.32; Дела 19,21секогаш кога во молитвите свои се молам, та со Божја волја некако да ми се даде да дојдам кај вас.

11Зашто копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за да станете поцврсти,

12односно, взаемно да си помогнеме преку заедничката вера – вашата и мојата.

1315,22Би сакал да знаете, браќа, дека многупати бев на мисла да дојдам кај вас, да имам некаков плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи, но сѐ до­се­га бев попречуван.

141 Кор 9,16Должник сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните.

15Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.

Моќта на Евангелието

16 2,9-10; Дела 13,46; 1 Кор 1,18.24 Зашто јас не се срамам од Еван­ге­лието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.

173,21-26; Ис 56,1; Авак 2,4; Гал 3,11; Фил 3,9; Евр 10,38Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“

Слабоста и вината на човештвото

18 Ефес 5,6; Кол 3,6; 2 Сол 2,12 Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.

19Дела 14,15-17Па така, она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го открил.

20Пс 18,1-3И навистина, она што е во Него невидливо, односно вечната Негова си­ла и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано спо­ред Неговите дела, па така тие немаат изговор.

21Ефес 4,17-18Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи;

22Ер 10,14; 1 Кор 1,20тврдејќи дека се мудри, тие обезумија,

235 Мојс 4,15-19; Ер 2,11; Пс 105,20; Мудр 11,15; 12,24; Дела 17,29и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи.

24Дела 14,16Затоа и Бог, според желбите на срцата нивни, ги предаде на нечистота, па сами да си ги обесчестуваат своите тела.

25Ер 16,19-21; 1 Сол 1,9Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Соз­да­те­лот, Кој е благословен во вечни векови. Амин!

26Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните пот­реби ги заменија со противприродни.

27И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.

28И бидејќи не се обидоа да Го задржат Бога во разумот свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега,

291 Кор 5,10-11; 6,9-10; Гал 5,19-21; Ефес 5,3-5; 1 Тим 1,9-10; Тит 3,3; 1 Птр 4,3; Откр 21,8; 22,15исполнети со секаква неправда, блудство, лу­кавство, алчност, злоба; полни со за­вист, убиства, кавги, измами, злонамерност;

302 Тим 3,2-4озборувачи, клеветници, богомрасци, насилници, фалбаџии, горделивци, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,

31неразумни, неверни, недружељуби­ви, непомирливи, немилостиви.

32Тие, иако ја познаваат праведната одредба Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонак­ло­нети и кон оние што ги вршат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help