Исаија 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За Месијата и за Неговото царство на мирот

1 4,2; Ер 23,5; Пс 72; Рим 15,12; Откр 22,16 И ќе потера фиданка од Јесе­евата пењушка, и стебло ќе израсне од нејзиниот корен;

29,5; 32,15; 42,1; 2 Цар 23,2; Мт 3,16; Јн 1,32-33; Дела 10,38; 1 Птр 4,14ќе почива врз Него Дух Господов, дух на мудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и богобојазли­вост;

39,6; 2 Цар 14,17; Јн 7,24ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Не­гови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слу­шаат.

432,1-2; Амос 2,7; 8,4; Пс 71,4; 2 Сол 2,8; Откр 2,16; 19,11.15Тој ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот.

5Пс 142,1; Ефес 6,14Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови – вистината.

665,25Тогаш волк ќе живее со јагне, лео­пардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води.

765,25Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот.

8Ос 2,18; Пс 90,13; Јов 5,22Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо.

940,5; Ер 31,33-34; Авак 2,14; 3,3Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе би­де полна со познавање на Господ, како што водите го полнат морето.

Божјиот народ ќе се врати дома

10 2,2-3; 5,26; Рим 15,12; Откр 22,16 Во оној ден кон Јесеевиот корен, кој ќе стане како знаме на народите, ќе се обратат незнабошците, живеалиштето негово ќе му биде слава.

1127,13; 2 Мојс 3,20; Ер 23,7-8; Зах 10,10Тогаш Господ пак ќе ја крене раката Своја, за да Си го врати остатокот од народот Свој, – она што остана во Аси­рија, и во Египет, и во Патрос, и во Куш, и во Елам, и во Сенаар, и во Ха­мат, и островите морски.

125,26; 18,3; 49,22; Ез 11,17; Ос 1,11; Пс 146,2И ќе крене знаме кон незнабошците и ќе ги собере прогонетите Израилци; расеаните Јудејци ќе ги повика од чети­рите земни краишта.

13Ер 3,18; Ос 1,11Ќе се прекрати зависта Ефремова; кои непријателствуваат против Јуда, ќе бидат истребени, Ефрем нема да му за­видува на Јуда, а Јуда нема да го при­теснува Ефрем.

1414,28-32; 25,10-12; 34,5-15; Ер 49,2.28; Пс 59,8И ќе полетаат врз плеќите на Фи­листејците кон запад, ќе ги ограбат сите народи на Исток; ќе стават рака врз Едом и Моав, и синовите Амонови ќе им бидат поданици.

1510,32; 42,15-16Ќе го исуши Господ заливот на Египетското Море, ќе ја протегне раката Своја врз Реката преку силниот Свој ветар и ќе ја разбие на седум ракави, така што со обувки да можат да ги ми­нуваат.

1635,8; 40,3; 43,19; 49,11; 57,14; 62,10; 2 Мојс 14,22; Мих 7,15; Варух 5,7Тогаш за остатокот од Неговиот на­род, кој ќе остане во Асирија, ќе има широк пат, како што беше тоа за Из­ра­илците кога излегуваа од египетската земја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help