1И таа престана да плаче.
Риба2Момчето тргна со ангелот, а и кучето со нив. Приквечер патниците пристигнаа до реката Тигар, и таму ја поминаа ноќта.
3Момчето отиде до реката да се измие, но оттаму излезе голема риба и сакаше да го проголта.
4Тогаш ангелот му рече: „Улови ја таа риба!“ Момчето ја фати рибата и ја извлече на земјата.
5И му рече ангелот: „Распори ја рибата, извади го срцето, црниот дроб и жолчката и чувај ги!“
6Тој направи така како што му рече ангелот, а рибата ја испекоа и ја изедоа. Потоа го продолжија својот пат и дојдоа до Екбатана.
Ангелот му ја наменува Сара на Товија7 6,17; 8,2-3 Товија го праша ангелот: „Брате Азарија, зошто ни се потребни срцето, црниот дроб и жолчката од рибата?“
811,8.11-12А тој му одговори и рече: „Ако некого го измачува демон, или лошиот дух, тогаш пред таков маж или жена треба да се кади со срцето и црниот дроб и веќе нема да се измачува,
9а со жолчката се намачкуваат очите, на кои има бели петна, и потоа човекот со такви очи оздравува.“
10А кога се приближија до Екбатана,
113,15; 8,21; 10,10; 14,13ангелот му рече на Товија: „Брате, денес ќе преноќуваме кај Рагуил, твојот роднина, кој има ќерка, која се вика Сара.
12Јас ќе поразговарам и ќе гледам да ти ја дадат за жена, зашто нејзиното наследство ти припаѓа тебе, бидејќи само ти си од нејзиниот род, а девојката е прекрасна и умна.“
13А сега, послушај ме: „Јас ќе зборувам со татко ѝ, па кога ќе се вратиме од Рага, ќе направиме свадба. Јас го познавам Рагуил и знам дека според Мојсеевиот закон, нема да ја даде својата ќерка на друг маж; а кога би го направил тоа, тој би заслужил смрт, зашто наследството треба да го добиеш ти, а не некој друг.“
14Тогаш Товија му рече на ангелот: „Брате Азарија, сум слушал дека таа девојка веќе ја давале на седум мажи и дека сите тие биле најдени мртви во свадбената соба,
151,9; 4,19а јас сум единец син на мојот татко, па се плашам, кога ќе влезам кај неа дека ќе умрам како сите пред мене, бидејќи неа ја сака некој демон, кој никому не му прави зло, освен на оние што се приближуваат до неа. Затоа се плашам да не умрам, и по мене, поради жалоста, да не ги одвлечкам во гроб мојот татко и мојата мајка, а немаат друг син за да ги погребе.“
166,8Ангелот му рече: „Зар ги заборави зборовите на твојот татко, кој ти заповеда да земеш жена од твојот род? Послушај ме, брате, таа треба да ти биде жена, а од демонот не се плаши; таа уште ноќеска ќе биде твоја жена.
178,4Само, штом ќе влезеш во брачната соба, веднаш земи ја кадилницата и стави во неа малку од срцето и малку од црниот дроб на рибата и покади;
181 Мојс 24,67а демонот, штом ќе ја почувствува миризбата, ќе избега и веќе нема никогаш да се врати. А кога ќе се приближиш до неа, застанете двајцата, повикајте Го Семилостивиот Бог и Тој ќе ве помилува и ќе ве спаси. Не плаши се; таа е определена за тебе од секогаш, ти ќе ја спасиш; таа ќе појде со тебе и јас знам дека ќе имаш деца со неа.“ Кога Товија го ислуша сето тоа, веднаш ја засака со сета своја душа и силно се приврза за неа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.