Псалми 33 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 33Треба да се слави помошта Божја и човекот да се учи на страв Господов

1Ќе го благословувам Господа во се­кое време; похвала за Него секогаш ќе има во мојата уста.

215,7; 144,1Со Господ ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа понизните и нека се зарадуваат.

3Величајте Го Господа со мене, и за­едно да го возвишуваме името Негово.

4Го побарав Господа, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави.

5Кон Него погледнете и разведрете се, и лицата ваши нема да се посрамат.

6Несреќниот вика и Господ го слуша и го спасува од сите негови неволји.

7Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува.

834,5-6; 1 Мојс 32,1-2; 2 Мојс 14,19; 22,20; Ис.Н. 5,13-15Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ! Блажен е оној човек, кој кај Него прибегнува!

91 Птр 2,3Имајте страхопочит кон Господ, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им не­достига на оние кои имаат страхопочит кон Него.

1022,1Осиромашија и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра.

11Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате страхопочит кон Господ.

12Изреки 1,8; 2,1; 3,1; 4,1; 6,1Сака ли човек да живее и да види добри денови,

13нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги,

14нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него.

1536,27Очите на Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови – кон молитвите нивни.

1632,18Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Зем­јата споменот за нив.

17Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од сите маки нивни.

18Блиску е Господ до оние со скр­ше­но срце, и смирените по дух ќе ги спаси.

1950,18; Мт 11,29-30Бројни се маките на праведните, но од сите нив Господ ќе ги избави.

20Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се скрши.

21Злото му носи смрт на грешникот; оние, што го мразат праведниот, ќе платат.

2224,22Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои при­бегнуваат кон Него, нема да биде осуден.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help