Сирахова 37 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За пријателите

1 6,5-17; Изреки 20,6 Секој пријател вели: „И јас сум ти пријател.“ Но многумина пријатели се само по име.

26,1Не е ли тоа тага до смрт, кога пријател и другар непријател станува?

317,31; 21,11; 1 Мојс 3,22; 4,7О, лоша помисла, од каде се најде? Зошто ја покриваш земјата со подлост?

46,9-10Лажниот другар се радува со друга­рот свој кога е весел, а дојде ли тага – против него ќе биде.

5Вистинскиот другар со пријател страда и за леб, а кога војна дојде – за штит се фаќа.

6Изреки 27,10Не заборавај го пријателот во твојата душа; и кога ќе се збогатиш – спомнувај си за него.

Доверба во совет

7 6,6 Секој советник советот свој го фали, но некои советуваат во своја полза.

8Чувај ја душата своја од советник. Најнапред испитај што му е нужно, зашто можеби тој ќе советува за своја корист.

9Можеби тој ќе ти фрли ждрепка и ќе ти рече: „Патот ти е добар“, а потоа отстрана ќе застане да види што ќе ти се случи.

10Не советувај се со оној што злото ти го сака; на завидливиот не откривај му ги твоите намери.

11Изреки 20,14; 23,6-8Не советувај се со жена за нејзината соперница, со страшлив – за војна, со трговец – за размена, со купувач – за продажба, со завидлив – за благодар­ност,

12со немилосрден – за добротворство, со мрзлив – за работа,

13со годишен наемник – за крајот на работата, со мрз­лив слуга – за многу работи.

14Од такви луѓе никогаш совет не слушај,

159,15; Изреки 28,14туку обраќај се на побожен човек, за кого знаеш дека заповедите Божји ги извршува.

16Кој со тебе една душа има и, ако паднеш, за тебе ќе жали.

17Но најмногу на твоето срце внима­вај; немаш никого поверен од него;

18душата на човека повеќе му кажува отколку седуммина стражари што на високо место стојат.

19Пс 24,4-5; Изреки 16,9; Лк 1,79Само, пред сѐ, моли Му се на Севишниот да те води по патот на вис­тината.

Мудроста треба да им служи на другите

20Остроумноста е почеток на секоја работа; пред секоја работа потребен е совет.

215 Мојс 30,15; Изреки 18,22Измените на срцето се гледаат на лицето. Четири состојби се искажуваат со тоа: доброто и злото, животот и смртта – а јазикот секогаш им е господар.

22Некој може други да поучува, а не­корисен е за својата душа.

239,18А друг е говорник вешт, но не сака; таков ќе умре од глад;

24таквиот од Господа нема благодат; затоа е лишен од секаква мудрост.

25Некој е мудар за својата душа; пло­довите на знаењето на неговата уста се надежни.

26Мудрецот својот народ го поучува; плодовите од неговото знаење со надеж се полни.

27Изреки 3,35Мудриот човек изобилува со бла­гослов; сите што ќе го видат за блажен го сметаат.

2844,13; 2 Мак 14,15Животот на човекот се определува по бројот на деновите, а деновите на Израил број немаат.

2915,6; 39,9; 41,13; Пс 111,6; Изреки 10,7Мудрецот добива доверба од својот народ; името негово ќе живее довека.

Да се биде умерен

30 2,1 Синко, во животот твој испитувај ја и набљудувај ја твојата душа; види што е за неа штетно, и не давај ѝ го;

311 Кор 3,2; 6,12; 10,23; Евр 5,12зашто за сите не сѐ е корисно; ду­шата на секого не е расположена за сѐ.

3231,17Не прејадувај се со секакви сладос­ти и не лакоми се на јадења.

3331,19-22Од многу јадења доаѓа болест; прејадувањето го расипува стомакот;

34од прејадување многумина умреле; кој се воздржува – животот свој го про­должува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help