2 Тимотеј 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поднесувај ги страдањата како добар војник

1Чедо мое, зајакнувај во благодатта што ти е дадена од Христос Исус,

21 Тим 4,14; 6,12и сѐ што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе кои се способни и други да научат.

31 Тим 4,10Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.

4Зашто никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојднев­ниот живот, за да му угоди на својот војсководач.

51 Кор 9,25А, ако пак, некој се натпреварува, нема да добие венец доколку не се бо­рел според правилата.

61 Кор 3,6-9; 9,7.10Земјоделецот што се труди прв треба да вкуси од плодот.

7Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!

Спомни си за воскреснатиот Исус

8 Мт 1,1; Дела 13,30; Рим 1,3-4; 1 Кор 15,4.20; Фил 1,12-14 Спомнувај си Го Господ Исус Хрис­тос од Давидовото семе, Кој вос­кресна од мртвите, според моето Еван­гелие,

9Лк 23,32; Ефес 3,1; Фил 1,13-17поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.

10Кол 1,24; 1 Сол 2,12Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.

11Рим 6,5; 1 Тим 1,15; 3,1; 4,9; Тит 3,8Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.

12Мт 10,33; Лк 12,9; Рим 8,17Ако истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.

134 Мојс 23,19; Рим 3,3.4; 1 Кор 1,9; Тит 1,2; Евр 6,18Ако не сме верни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себе не може да се од­рече.

Распространувај го правилно Словото на вистината

14 1 Тим 1,4 Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, заш­то препирките ништо не помагаат, а са­мо им штетат на оние што слушаат.

151 Тим 4,6; Тит 2,7-8Погрижи се пред Бога да се дока­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.

161 Тим 1,4; 4,7А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.

171 Тим 1,20И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,

181 Тим 6,21кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збид­на­ло, и со тоа им попречуваат во верата на некои.

Основата поставена од Бога

19 3 Мојс 24,16; 4 Мојс 16,5; 16,26; Ис 26,13; Сир 17,26; 35,3; Јн 10,14; 1 Кор 8,3; Ефес 2,20 Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“

20Рим 9,21; 1 Кор 3,12Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.

213,17И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.

Слуга на Господа

22 Гал 5,22; 1 Тим 6,11 Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!

231 Тим 1,4; 4,7Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!

24Ис 42,3; Мт 12,19; 1 Тим 3,2-3; Тит 1,7А слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да под­не­сува зло,

25Гал 6,1; 1 Тим 2,4со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината,

261 Јн 2,14и да се ослободат од мрежата на ѓа­волот кој ги уловил живи за да ја ис­пол­нуваат неговата волја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help