Дела 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Беседата на Стефан

1Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?“

2Пс 28,3А тој одговори: „Луѓе браќа и тат­ковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан,

31 Мојс 12,1; 12,5и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘

4Тогаш тој излезе од земјата Хал­деј­ска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресе­ли во оваа земја, каде што живеете вие сега.

51 Мојс 12,7; 13,15; 15,18; 17,8; 24,7; 48,4И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад.

61 Мојс 15,13-14; 2 Мојс 3,12И му рече Бог вака: ‚Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четирис­то­ти­ни години.

7Но јас ќе му судам на оној народ, под чие ропство ќе бидат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова мес­то‘.

81 Мојс 17,16-27; 21,4И му го даде заветот за обрезание. Потоа на Авраам му се роди Исак и тој го обреза на осмиот ден; а Исак го роди Јакова, Јаков, пак, дванаесетте патри­јар­си.

91 Мојс 37,11.28; 39,2.3.21.23Патријарсите беа завидливи кон Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него,

101 Мојс 41,37-39и го избави од сите негови маки и го дарува со благодат и мудрост пред фа­раонот, египетскиот цар, кој го постави и за началник над Египет и над целиот свој дом.

111 Мојс 41,54; 42,5Тогаш настана глад и голема мака по целата земја египетска и хананска, и нашите татковци не наоѓаа храна.

121 Мојс 42,1-2А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, ги прати таму по прв пат тат­ковците наши.

131 Мојс 45,3-4; 45,16И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го за­позна родот на Јосиф.

141 Мојс 45,9-11; 45,18-19; 46,27Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и сиот свој род – седумдесет и пет души.

151 Мојс 49,33И така Јаков слезе во Египет, и та­му умре тој и татковците наши;

16и ги пренесоа во Сихем, и ги по­ло­жија во гробот, што во Сихем го беше купил за сребро Авраам од синовите на Емор.

17Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето,

182 Мојс 1,8сѐ додека во Египет не дојде друг цар кој не го познаваше Јосиф.

192 Мојс 1,10-11.22Тој лукаво постапи со нашиот на­род, ги мачеше татковците наши, при­силувајќи ги своите новороденчиња да ги оставаат за да не останат живи.

202 Мојс 2,2; Евр 11,23Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше на Бога мил. Три месеци беше хранет во куќата на својот татко.

212 Мојс 2,3-10А кога беше оставен, него го приб­ра фараоновата ќерка и го одгледа ка­ко свој син.

22И ја научи Мојсеј целата мудрост египетска и беше силен во зборови и во дела.

23А кога навршуваше четириесет го­дини, нему му дојде на ум да ги посети браќата свои, синовите Израилеви.

242 Мојс 2,11-12И кога виде дека еден од нив го нав­редуваа, го заштити; одмаздувајќи се за измачуваниот, го уби Египќанецот.

25Тој мислеше дека браќата негови ќе согледаат дека Бог преку неговата рака ќе им даде спасение, но тие не сфатија.

262 Мојс 2,13А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и ги советува­ше да се смират, велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘

27Лк 12,14Но оној што го навредуваше својот ближен, го одби од себе и му рече: ‚Кој те поставил да бидеш началник и судија над нас?

282 Мојс 2,14Или, пак, и мене сакаш да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘

292 Мојс 2,15Од тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во земјата мидјанска, каде што му се родија два сина.

302 Мојс 3,1-2И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен во една капина.

312 Мојс 3,4Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, пристигна до него гласот Господов:

322 Мојс 3,6‚Јас сум Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јако­вов.‘ Мојсеј се стресе и не смееше да погледа.

332 Мојс 3,5А Господ му рече: ‚Собуј си ги обув­ките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја!

342 Мојс 3,7.8.10Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега пријди да те пратам во Египет!‘

352 Мојс 2,14Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ‚Кој те поставил за началник и судија‘, него Бог преку ангелот, кој му се јави во капината, го прати за начал­ник и избавител.

362 Мојс 7,3; 14,21; 4 Мојс 14,33Тој ги изведе, правејќи чудеса и зна­ци во земјата египетска и во Црвеното Море и во пустината во тек на четири­есет години.

373,22; 5 Мојс 18,15Тоа е оној Мојсеј што беше им ре­кол на синовите Израилеви: ‚Господ, Бог ваш, меѓу браќата ваши ќе ви из­дигне Пророк како мене. Него пос­лу­шајте Го!‘.

382 Мојс 19,1-6; 20,1-17; Рим 10,5; Евр 2,2Тоа е оној што на собирот во пусти­на­та на Планината Синајска беше со ан­гелот кој му зборуваше, и со татков­ците наши; оној што прими животворни зборови нам да ни ги предаде,

397,53; 4 Мојс 14,3и кому нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија со срцата свои и се свртеа кон Египет,

402 Мојс 32,1.32велејќи му на Арон: ‚Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на оној Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘

412 Мојс 32,4-6И во оние дни направија лик на те­ле, и му принесоа жртви на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.

42Амос 5,25-27

Ер 7,18; 8,2; 19,13А Бог се одврати од нив и ги остави да му служат на воинството небесно, како што е напишано во Книгата на пророците: ‚Доме Израилев, Ми прине­совте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пус­тината?

43Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, идоли што ги направивте вие за да им се поклонувате: и Јас ќе ве преселам потаму од Вавилон.‘

442 Мојс 25,9.40; Евр 8,5Нашите татковци имаа во пустината скинија на собранието, како што бе­ше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.

45Ис.Н. 3,14-17; 23,9; 24,18Неа татковците наши ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, што Бог ги отфрлаше од лицето на татковците наши; а тоа се случуваше сѐ до времето на Давид,

46Пс 131,5кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јако­вов.

472 Цар 7,12-16; 3 Цар 6,1.14А Соломон Му изгради дом,

4817,24; Мк 14,58; Евр 9,11.24но Севишниот не живее во ракот­во­рени храмови, како што вели пророкот;

49Ис 66,1-2‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое мес­то е за Мојата почивка?

50Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘

512 Мојс 33,3.5; 3 Мојс 26,41; 5 Мојс 9,13; Ис 63,10; Ер 4,4; 6,10; 2 Лет 30,7-8Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.

522 Лет 36,16; Мт 23,34-35; 1 Сол 2,15-16Кого од пророците не го гонеа ва­шите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Пра­вед­ни­кот, чии предавници и убијци станавте сега и вие,

53Гал 3,19; Евр 2,2вие, што го примивте Законот пре­ку ангелите, а не го одржавте.“

Каменувањето на Стефан

54Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него.

55А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога,

56Дан 7,13и рече: „Еве, ги гледам небесата от­ворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“

57Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него.

585 Мојс 17,7; Лк 4,29И откако го изведоа надвор од гра­дот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Сав­ле.

59Лк 23,46; Пс 30,5И додека фрлаа камења врз Сте­фан, тој повикуваше и велеше: „Гос­по­ди Исусе, прими го духот мој!“

60Потоа падна на колена, и извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, по­чи­на.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help