1Пророштво за Ниневија; книга за видението на Наум од Елкош.
22 Мојс 20,5-6; 5 Мојс 4,24; Ис 59,18Господ е Бог љубоморен и одмаздник, Господ е страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријателите Свои; не ги поштедува ни противниците Свои.
32 Мојс 34,6-7; Ер 4,13; Пс 49,3; Јов 40,1Господ е долготрпелив, а силен во моќта, така што не го остава виновникот без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав под нозете Негови.
4Ис 33,9; 50,2; Амос 1,2; Пс 105,9Ќе му се закани на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Башан и Кармил, и свенува цветот на Ливан.
5Ер 4,24; Пс 17,7Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа.
6Јоил 2,11; Мал 3,2; Откр 6,17Кој може да устои против гневот Негов? И кој може да го издржи пламенот од Неговата јарост? Гневот Негов се излива како оган; карпи се распаѓаат пред Него.
Моќта на Асирија ќе биде скршена7 Ер 33,11; Пс 45,1 Добар е Господ; Тој е прибежиште во ден на неволја. Тој ги заштитува оние, кои прибегнуваат кај Него,
81 Мојс 6,7; 8,1; Ис 30,28дури и при силни води. Тој ќе ги докрајчи Своите непријатели, ќе ги прогони Своите душмани до најцрната темнина.
91 Цар 2,6; Ос 7,15; 1 Кор 1,19Што сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сѐ, ниеден противник нема повторно да се крене.
10Зашто, како плот од трње и како од вино пијани, тие ќе бидат наполно проголтани, како сува слама.
115 Мојс 13,13; 4 Цар 19,4.16; Пс 17,4Од тебе произлезе оној, што смислува зло против Господ, и подготвува нечесен заговор.
124 Цар 19,35-36Вака вели Господ: „Макар што се силни и многубројни, тие ќе бидат исклани и ќе исчезнат; а тебе, иако те казнував, нема веќе да те казнувам.
13Ис 9,4; Ер 30,8; Ез 34,27И сега ќе го скршам јаремот што те стега и ќе ги раскинам оковите твои.“
14Ис 14,19-21; Ер 8,1-2А за тебе, Ниневијо, Господ нареди: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ќе ги истребам идолите резани и лиени; во него ќе ти направам гроб зашто си безвредна.
151,11; Ис 52,7-10Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: празнувај ги, Јудејо, твоите празници, извршувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веќе да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
