1Кога веќе стана доцна, великодостојниците побрзаа да се повлечат, а Вагој, откако ги ослободи оние што послужуваа пред лицето на неговиот господар, го затвори шаторот однадвор, па отиде и си легна. Сите отидоа да си починат, бидејќи беа многу уморни од долгата гозба.
2Суд 3,19; 4,18Јудита остана сама во шаторот. Олоферн, совладан од виното, падна на својата постела.
3Суд 4,20Јудита ѝ рече на својата слугинка да стои пред нејзината спална и да ја чека додека не излезе, велејќи ѝ дека ќе излезе да се помоли, како што правеше секој ден. Истото му го рече и на Вагој.
410,8; 15,9Кога сите си отидоа откај неа и кога во спалната не остана ни мал ни голем, Јудита застана пред леглото негово, па рече во своето срце: „Господи, Боже на секоја сила, погледни милозливо во овој час врз делото на моите раце за издигнување на Ерусалим;
55 Мојс 4,20; 9,29; Пс 93,14ова е вистинскиот час да го заштитиш Твоето наследство и да ја оствариш мојата замисла: да бидат поразени непријателите, кои се дигнаа против нас.“
6Тогаш пријде до столбот од леглото, кој беше кај главата на Олоферн и го симна од него мечот негов;
71 Мак 7,47; 2 Мак 15,30се доближи потоа до леглото, ја дофати косата на неговата глава и рече: „Господи, Боже на Израил, дај ми сила во денешниов ден!“
8Ис 8,10; Рим 8,31Па со сета сила го удри два пати Олоферн по вратот и му ја отсече главата.
91 Мак 7,47; 2 Мак 15,30Откако го фрли неговиот труп од леглото, ја откачи завесата од столбовите. По малку време излезе и ѝ ја даде Олоферновата глава на слугинката.
102 Цар 4,7Таа ја стави во својата торба. Потоа, како и обично, обете излегоа на молитва. Откако излегоа од логорот, ја заобиколија долината и се искачија по Ветилујските височини и дојдоа до градската порта.
11Пс 118,19Уште оддалеку Јудита ѝ извика на стражата пред портата: „Отворете, отворете ги вратите! Со нас е Бог за да му подари сила на Израил и победа над неговите непријатели, како и денес што ни ја подари.“
12Штом градските мажи го слушнаа нејзиниот глас, побрзаа кон портата на градот и ги повикаа градските старешини.
13Се собраа сите, од мало до големо, бидејќи нејзиното доаѓање беше сосема неочекувано за нив; и, откако ја отворија портата, ги примија, запалија оган да свети и ги заобиколија.
14Пс 65,20А таа им рече со силен глас: „Фалете Го Господа, фалете Го, фалете Го Господа, затоа што не ја оддалечи Својата милост од домот на Израил, туку ноќва преку мојата рака ги скрши нашите непријатели.“
15Суд 4,9; 2 Цар 4,8; 2 Мак 15,32Вадејќи ја главата од торбата, им ја покажа и рече: „Еве ја главата на Олоферн, водачот на асирската војска, еве ја и завесата, зад која лежеше пијан; Господ го порази со рака на жена.
162 Мојс 23,20; Дан 13,63Да живее вечно името на Господ, Кој ме запази на патот по кој одев! Бидејќи моето лице го соблазни Олоферна за негова пропаст, но тој не ме посрами и не згреши со мене.“
17Пс 107,13; 1 Мак 4,55Сиот народ се вчудовиде, падна ничкум, Му се поклони на Бога, и еднодушно извика: „Благословен Си Боже наш, Ти Кој денес, ги уништи непријателите на Твојот народ!“
181 Мојс 14,19-20; Суд 5,24; Лк 1,42А Озија ѝ рече: „Биди благословена, ќерко, благословот на Севишниот Бог нека биде со тебе повеќе отколку со сите жени на земјата; да е благословен Господ Бог, Создателот на небото и на земјата што те научи како да му ја отсечеш главата на водачот на нашите непријатели;
198,32; Мт 26,13; Лк 1,48твојата надеж нема да отстапи од срцето на луѓето, кои ќе си спомнуваат за твојата сила довека.
201 Мојс 22,16; 1 Лет 16,36; 1 Мак 13,5Нека го направи Бог ова да биде за твоја лична слава, нека те награди со секое добро затоа што ти не го поштеди својот живот кога беше понизен нашиот народ; ти излезе пред нас, кога ние паѓавме, и одеше право пред нашиот Бог!“ И сиот народ извика: „Нека биде така! Нека биде така!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.