3 Царства 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Адонија посакува да стане цар

1Кога царот Давид остаре и исполни години, иако го покриваа со многу покривки, не можеше да се стопли.

2Тогаш неговите слуги му рекоа: „Нека побараат за нашиот цар господар, млада девица за да престојува кај царот, да го гледа и да лежи до него, и ќе му биде топло на нашиот цар господар.“

3И бараа по сите израилски предели убава девица, и ја најдоа Авишага, Сунамитката, и ја доведоа кај царот.

4Девицата беше многу убава; таа го гледаше царот и му служеше; царот, меѓутоа, не ја позна.

52 Цар 3,4; 15,1Адонија, синот Агитин, се возгордеа и рече: „Јас ќе бидам цар.“ Па си набави коњи и коњаници и педесет мажи да трчаат пред него.

6Но татко му негов не го обеспокојуваше никогаш со прашањето: „Зошто го правиш тоа?“ Тој беше многу убав, а му се роди по Авесалом.

72 Цар 20,23.25И тој се договори со Јоав, синот на Саруја, и со свештеникот Авијатар, и тие му помагаа на Адонија.

82 Цар 8,17-18Но свештеникот Садок и Ванеја, Јехојадаевиот син, пророкот Натан, Семеј, Реи и војниците од Давидовата гарда не ја држеа страната на Адонија.

Натан и Витсавеја, приврзаници на Соломон

9 2 Цар 17,17 И Адонија закла овци, волови и те­лиња кај каменот Зохелет што е покрај Ен-Рогел, и ги покани сите свои браќа, царски синови, и сите Јудејци што служеа кај царот.

10А пророкот Натан и Ванеја, гардистите и братот свој, Соломон не ги по­кани.

112 Цар 11,3; 12,24Тогаш Натан ѝ рече на Витсавеја, Соломоновата мајка, велејќи: „Слушна ли дека Агитиниот син Адонија се прогласи за цар, а нашиот господар Давид не знае за тоа?

12Сега, ете, јас те советувам: спасувај го животот свој и животот на синот свој Соломон.

13Оди и влези кај царот Давид и кажи му: ‚Нели ѝ се колнеше, господаре мој, царе, на слугинката своја, велејќи – синот твој Соломон ќе биде цар по мене и тој ќе седне на престолот мој? – Зо­што тогаш се прогласил за цар Адонија?‘

14И ете, додека уште говориш таму со царот, ќе влезам јас со тебе и ќе ги потврдам твоите зборови.“

15Витсавеја отиде кај царот во спалната; царот беше многу стар, и Суна­митката Авишага му служеше.

16Витсавеја се наведна и му се поклони на царот; царот праша: „Што бараш?“

17Таа му одговори: Ти ѝ се заколна на слугинката своја во Господ, твојот Бог велејќи: „Син ти Соломон ќе царува по мене и тој ќе седне на мојот престол.

18А сега, ете, Адонија се прогласил за цар, а ти, господаре мој, царе, не знаеш за тоа.

19Тој заклал многу волови, телиња и овци и ги поканил сите царски синови, свештеникот Авијатар и воениот на­чалник Јоав; а Соломон, твојот слуга, не го поканил.

20Но ти си цар, господаре мој, и кон тебе се свртени очите на сите Израилци за да им соопштиш, кој ќе седне на престолот на мојот господар цар по него.

2115,29; Суд 9,5; 4 Цар 10,1-17; 11,1Инаку кога мојот господар, цар, ќе почине кај татковците свои, јас и мојот син Соломон ќе бидеме виновни.“

22Додека таа уште говореше со ца­рот, дојде и пророкот Натан.

23Му соопштија на царот, велејќи: „Еве го пророкот Натан.“ И тој влезе кај царот и му се поклони со лицето до земја.

24И Натан рече: „Господаре мој, царе! Си рекол ли ти: ‚Адонија ќе царува по мене и тој ќе седне на мојот престол?‘

25Зашто тој сега слегол, заклал многу волови, телиња и овци, ги поканил сите цареви синови, воени началници и свештеникот Авијатар, и, ете, тие јадат и пијат кај него, и извикуваат: ‚Да живее царот Адонија!‘

26А мене, твојот слуга, свештеникот Садок, Јехојадаевиот син Ванеја и твојот слуга Соломон не нѐ покани.

27Дали станало тоа по волјата на мојот цар господар? И зошто ти не му откри на својот слуга, кој ќе седне на престолот на мојот цар господар по него?“

Давид го потврдува Соломон за свој наследник

28Одговори цар Давид и рече: „Пови­кајте ми ја Витсавеја.“ Таа влезе и застана пред царот.

29Царот се колнеше и велеше: „Во името на живиот Господ, кој ја спасуваше душата моја од секоја неволја!

30Како што ти се колнев во Господ, Бог Израилев, велејќи дека син ти Со­ломон ќе царува по мене и тој ќе седне на престолот мој место мене, – така и ќе го направам тоа денес.“

31Тогаш Витсавеја се наведна со лицето до земја, му се поклони на царот и рече: „Да живее мојот господар, ца­рот Давид, засекогаш!“

32И царот Давид рече: „Повикајте ми го свештеникот Садок, пророкот Натан и Јехојадаевиот син Ванеја.“ И тие влегоа кај царот.

334 Цар 11,4-20Тогаш царот им рече: „Земете ги со себе слугите на вашиот господар, ка­чете го Соломон, мојот син, на маската моја и одведете го во Гион.

341 Цар 10,1; 16,12-13И таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помазат за цар над Израил, затрубете со труба и извикајте: ‚Да живее царот Соломон!‘

35Потоа придружете го назад, и тој ќе дојде и ќе седне на мојот престол; тој ќе царува место мене; нему сум му ветил да биде водач на Израил и на Јуда.“

36Ванеја, Јехојадаевиот син, му од­го­вори на царот и рече: „Амин! – така нека каже Господ, Бог на мојот цар господар:

37како што Господ беше со мојот цар господар, така да биде Тој и со Соломон и да го возвеличи престолот негов повеќе од престолот на мојот господар, царот Давид!“

Соломон е свечено помазан за цар(1 Лет 29,21-25)

38Тогаш свештеникот Садок, проро­кот Натан, Јехојадаевиот син Ванеја, Керетијците и Пелетијците отидоа и го качија Соломон на маската од цар Да­вид и го поведоа кон Гион.

391 Цар 10,24; 4 Цар 11,12И свештеникот Садок зеде рог со масло од скинијата и го помаза Соло­мон. И затрубија со труба, и сиот народ извика: „Да живее царот Соломон!“

40И сиот народ го придружуваше Соломон и народот свиреше со свирки и многу се радуваше, така што земјата трепереше од викањето негово.

Соломон го поштедува Адонија

41Кога слушна Адонија и сите пока­нети од него, престанаа да јадат; а Јоав, откако слушна звук на труба, запраша: „Зошто одекнува градот со таков звук?“

422 Цар 18,27Додека уште говореше, дојде Јона­тан, синот на свештеникот Авијатар. И Адонија му рече: „Влези, ти си чесен човек и носиш добра вест.“

43Јонатан одговори и му рече на Адо­нија: „Нашиот господар, царот Давид, го постави Соломон за цар;

44и царот ги испрати со него свеште­никот Садок, пророкот Натан, Јехо­јадаевиот син Ванеја, Керетијците и Пе­летијците, и тие го качија на царската маска;

45и свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа во Гион за цар, и трг­наа оттаму со радост, и градот се раз­движи. Ете од што е звукот што го слу­шате.“

46И Соломон веќе седна на царскиот престол.

47А царските службеници доаѓаа да го поздрават нашиот господар, царот Давид, велејќи: „Твојот Бог нека го про­слави името на Соломон повеќе од твоето име и нека го возвеличи него­виот престол повеќе од твојот престол!“ И царот се поклони од леглото свое

48и го рече ова: „Нека е благословен Господ, Бог Израилев, Кој денес даде наследник на мојот престол, и тоа го видоа моите очи!“

49Тогаш сите поканети кај Адонија се уплашија, станаа и се разотидоа секој по патот свој.

50Адонија, пак, поради страв од Со­ломон, стана и отиде да се фати за рого­вите на жртвеникот.

51И му соопштија на Соломон, ве­лејќи: „Адонија се плаши од царот Соломон, и, ете, тој се држи за роговите на жртвеникот и вели: ‚Нека ми се заколне сега царот Соломон дека нема да го убие со меч својот слуга.‘“

52Лк 21,18И Соломон рече: „Ако тој биде че­сен човек, ни едно влакно од него нема да падне на земјата; но, ако се најде во него лукавство, ќе умре.“

53Тогаш Соломон испрати да го симнат од жртвеникот. Тој дојде и му се поклони на цар Соломон. А Соломон му рече: „Оди во домот свој!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help