Броеви 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Победа на Израилците над Хананците

1 .

Бакарната змоја

4 5 Мојс 2,1 Од планината Ор тие тргнаа кон Цр­вено Море, за да ја заобиколат земјата Едом. И по патот народот се обес­храбри;

52 Мојс 14,11; Пс 77,19и зборуваа луѓето против Бога и против Мојсеј: „Зошто нѐ изведе од Египет, па да умреме во пустинава: тука нема ни леб, ни вода, а во душата ни омрзна таа лоша храна?“

65 Мојс 8,15; Ер 8,17; 1 Кор 10,9И испрати Господ против народот отровни змии, кои го касаа народот, и многу луѓе изумреа од синовите израилски.

72 Мојс 8,12; 1 Цар 7,8; Ер 27,18; Ос 5,15; Пс 77,34; Дела 8,24И дојде народот кај Мојсеј и рече: „Згрешивме кога се побунивме против Господ и против тебе; помоли Му се на Господ да ги отстрани од нас змиите.“ И Мојсеј Му се помоли на Господ за народот.

8Јн 3,14И му рече Господ на Мојсеј: „На­прави змија и закачи ја на стап (и ако некого го касне змија), каснатиот, штом ќе ја погледне, ќе остане жив.“

94 Цар 18,4; Јн 3,14И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на стап, и кога некоја змија ќе каснеше некој човек, тој штом ќе ја погледнеше бакарната змија, остануваше жив.

Логорите на патот кон Фазга

10И тргнаа синовите израилски и се улогорија во Овот;

115 Мојс 34,8се кренаа и од Овот, и застанаа во Ије-Аварим, во пустината спроти Моав, која е на исток.

125 Мојс 2,13-14Оттаму тргнаа и дојдоа во долината Зеред;

13Ис.Н. 12,1; Суд 11,18; Ис 16,2; Ер 48,20заминувајќи оттука, се настанија од другата страна на Арнон, кој тече низ пустината, а доаѓа од пределите на Аморејците; бидејќи Арнон е границата на Моав, меѓу Моав и земјата на Аморејците.

14Затоа е и речено во Книгата за вој­ните Господови: „Ваев во Суфа и притоките на Арнон,

15и базенот на реките што се протега кон Шевет-Ар и оди по должината на границата со Моав.“

16Суд 9,21; Ис 15,8Оттука тргнаа кон Беер, а тоа е оној кладенец, за кој Господ му рече на Мојсеј: „Собери го народот и ќе им дадам вода.“

172 Мојс 15,1Тогаш Израил ја запеа песната: „Извирај, кладенче! Пејте за кла­денецот!

18За кладенецот што го ископаа кнезовите, што народните водачи го отво­рија со жезлата свои, со патериците свои.“ И од пустината тргнаа кон Ма­тана.

19Од Матана кон Нахалиел, од Нахалиел, кон Бамот;

205 Мојс 3,17; Ис.Н. 12,3; 13,20а од Бамот за долината, што е во моавската земја, кон врвот на Фазга кој доминира над пустината.

Победа над царевите Сион и Ог

21 Ис.Н. 2,10; 12,2; Суд 11,19-20; 3 Цар 4,19; Ер 48,45; Пс 134,11; Неем 9,22 И прати Израил пратеници кај Сион, царот на Аморејците, за да му кажат:

2220,14-21„Дозволи ни да минеме преку твојата земја; нема да навлегуваме во нивите и во лозјата, и нема да пиеме вода од твоите кладенци, туку ќе одиме по главниот пат, додека да ги минеме пределите твои.“

235 Мојс 2,32; Суд 11,20; Ис 15,4Но Сион не му дозволи на Израил да мине преку пределите негови; и го собра Сион целиот свој народ и излезе против Израил во пустината, и стигна до Јахца и се судри со Израил.

241 Мојс 19,38; Ис.Н. 13,10; Суд 11,13И го победи Израил со меч и завладеа со земјата негова од Арнон до Јавок, дури до Амоновите синови, би­дејќи границата на Амоновите синови е силно утврдена.

25Суд 11,26; Ис 15,4; Ер 48,2.34; Амос 2,10И ги зазеде Израил сите тие гра­дови, и се насели Израил во сите гра­дови на Аморејците: во Есевон и во си­те нему потчинети;

26Ер 48,45-46; Пс 134,11зашто Есевон беше град на царот на Аморејците Сион, кој војуваше против поранешниот моавски цар и ја беше одзел од рацете негови целата земја негова дури до Арнон.

27Затоа велат поетите: „Дојдете во Есевон, нека се изгради и утврди градот на Сион;

285 Мојс 12,2; Ис 15,2; Ер 48,45бидејќи оган излезе од Есевон, пламен од градот Сионов и ги изгоре непријателите на Моав, господарите на височините арнонски.

292 Цар 8,2; Ис 25,10; Ер 48,46; Пс 59,6; 1 Лет 18,2Тешко тебе, Моаве! Пропадна на­роде Хамосов! Синовите твои бегалци станаа, а ќерките – робинки на Сион, царот аморејски.

30Ис.Н. 13,9.17; Ис 15,2; Ер 48,18Ги поразивме со стрели: се затре од Есевон дури до Дивон, сѐ уништивме до Нофах, што е близу до Медева.“

31И се насели Израил во земјата на Аморејците.

32Ис.Н. 13,25; 2 Цар 10,3; 24,5; 2 Лет 19,3И испрати Мојсеј да го разгледаат Јазер, па ги зазедоа (него и) населбите негови, и ги изгонија Аморејците што живееја таму.

33Ис.Н. 2,10; 12,4; Пс 134,11; Неем 9,22Тогаш се повратија и појдоа кон Башан. И излезе против нив башан­скиот цар Ог, самиот тој и целиот народ негов, за да се судри со нив кај Едреи.

34И му рече Господ на Мојсеј: „Не плаши се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во рацете твои – него и целиот народ негов и целата земја негова, и ќе постапиш со него, онака како што постапи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.“

35Ис.Н. 9,10И го поразија него и синовите негови и целиот народ негов, така што ниеден од нив не остана жив; и ја покорија земјата негова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help