Второзаконие 33 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мојсеј ги благословува дванаесетте израилски колена

1 1 Мојс 49 Ова е благословот, со кој Мојсеј, човекот Божји, ги благослови синовите на Израил пред својата смрт.

22 Мојс 19,1-2; Суд 5,4; Авак 3,3; Јуда 1,14И рече: „Господ дојде од Синај, им се јави во Сеир, заблеска од планината Фаран и пристигна со илјадници светии; а во десницата Негова огнен закон за нив.

3Сепак, Ти го сакаш Својот народ и сите светии се во раката Твоја, и тие паднаа пред Твоите нозе, за да ги слушнат зборовите Твои.

4Закон ни даде Мојсеј, наследство на народот од Јаков.

532,15И тој беше цар на Јешурун кога се собираа народните кнезови, заедно се соединија израилските племиња.

6Да живее Рувим и да не умира, па макар и да е малуброен!“ (И Симеон да биде многуброен).

7А за Јуда го кажа ова: „Чуј го, Господи, гласот на Јуда и доведи го кај народот негов; да се заштити со рацете свои, а Ти биди му помошник против непријателите негови.“

86,16; 2 Мојс 17,1-7И за Левиј рече: „Твојот ‚тумим‘ и Твојот ‚урим‘ се на светиот маж Твој, кого што Ти го искушуваше во Маса,

92 Мојс 32,25-29; Мт 10,37; 12,46-50кој рече за татко си и за мајка си: ‚јас не ги видов‘, и браќата свои не ги признава, и синовите свои не ги познава, бидејќи тие, ги почитуваат зборо­вите Твои и го пазат заветот Твој,

10го учат Јаков на законите твои, и Израил на Твоите заповеди, ставаат темјан пред лицето Твое и сепаленици на жртвеникот Твој;

11благослови ја, Господи, силата негова и прими ги делата на рацете негови, порази ги бедрата на непријателите не­гови, што стануваат против него и кои го мразат, за да не можат да се подигнат.“

12За Венијамин рече: „Кого Господ го сака, тој живее во Него со радост, Бог го заштитува секогаш, и тој почива врз рамената Негови.“

131 Мојс 49,25-26За Јосиф рече: „Нека ја благослови Господ земјата негова со многу сакани дарови небески, со роса и со дарови од бездната, што лежи долу,

14со најдоброто што доаѓа од сонцето и со најдоброто што го донесува месечината,

15Авак 3,6со дарови од старите планини и со дарови од вечните ридови,

162 Мојс 3,1-6и со најдоброто од тоа што ја исполнува земјата, и благословот на Оној што се јави од капината да слезе врз главата на Јосиф, врз темето на избраниот меѓу браќата;

17Пс 91,10цврстината му е како на првородено теле, и роговите му се како роговите на бивол; со нив ќе ги избоде сите народи до крајот на земјата: тоа се десетиците илјади Ефремови, тоа се илјадниците Манасиеви.“

18На Завулон му рече: „Весели се, Завулоне, во своите патишта, и ти Исахаре, под шаторите твои;

19Ис 60,5; Пс 4,5вие го свикувате народот на планината, таму ќе принесете жртви според законот на правдата, бидејќи богатството на морето ќе ве храни, и сокровиш­тето сокриено во песокот.“

201 Мојс 49,9; 4 Мојс 24,9За Гад рече: „Благословен нека е кој ќе го прошири Гад; тој почива како лав, готов да ја раскине жртвата своја од пети до глава;

21Ис.Н. 4,12-13тој си ги присвои првините од освоеното, што му го додели Законода­вецот; тој оди во првите редови на на­родот, извршувајќи го светото дело Гос­подово и својот долг кон Израил.“

22За Дан рече: „Дан е млад лав, кој скокна од Башан.“

23За Нефталим рече: „Нефталим е презаситен со пријатности, па нека се засити и со благослов од Господ; Запа­дот и Југот ќе ги наследи.“

24За Асир рече: „Благословен меѓу си­новите ќе биде Асир, тој ќе биде оми­лен меѓу браќата свои и во масло ќе ја натопи ногата своја.

25Од железо и од бакар се твоите резиња;

262 Мојс 15,11Нема друг Бог како твојот Бог, Јешуруне! Кој се пронесува по небото, тебе на помош, и со великолепие на облаците.

27Пс 89,1-2Единиот Бог е твое прибежиште, а вечните Негови раце се твоја поткрепа. Тој го прогонува непријателот пред тебе и ти вели: ‚истребувај!‘

284 Мојс 23,9; Ер 23,6Израил живее во спокој, потомците на Јаков се сместија во засолниште, во земја изобилна со жито и вино, каде не­бото праќа роса.

29Пс 32,12; 113,17-19; 143,15Блажен си ти, Израиле! Кој е како тебе, народ пазен од Господ, Кој ти е штит – закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели ќе бараат милост од тебе, а ти ќе ја газиш гордоста нивна.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help