Сирахова 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПРЕДГОВОРМногу големи нешта ни се предадени преку Законот, Пророците и други што ги следат овие писанија. Заради знаењето и мудроста во нив треба да го воспеваме Израил. Тие што знаат да читаат не треба сега да останат опитни само за себе, туку, бидејќи пројавуваат ученољубивост, тие треба да станат полезни со зборови и со писмо за оние кои се во туѓина. Мојот дедо Исус многу бил предаден во читањето на Законот и Пророците и на други книги кои нам ни ги оставиле нашите татковци. Откако се здобил со доволно големо искуство од нив, решил и самиот да напише нешто од тоа што се однесува на образованието и мудроста, па откако ученољубивите ќе ги совладаат тие нешта, да можат да напредуваат сѐ повеќе во животот според Законот.Ве молам да читате благонаклоно и внимателно, и да имате разбирање, иако некаде се чини дека не сме можеле на задоволителен начин да ги протолкуваме изразите што толку трудољубиво ги составиле други. Зашто немаат подеднаква моќ зборовите искажани на еврејски кога ќе бидат преведени на друг јазик. И не само тоа, туку и самиот Закон, Пророците и другите книги покажуваат мали разлики кога ќе се споредат меѓу себе.Во триесет и осмата година од владеењето на Птоломеј Евергет, пристигнав во Египет и бидејќи долго останав таму, најдов свиток од книгите составени од Исуса, која не е за презир.Тогаш решив дека ќе биде многу неопходно и самиот да приложам извесна трудољубивост и напор за да ја преведам таа книга. Принесов будност и знаење во текот на долго време, за да го доведам до крај преводот на книгата, за да им служи на оние преселници, кои сакаат да се научат како да си ги воспостават обичаите за да живеат според Законот Господов.ПРВА ЗБИРКА ОД ПОУКИТајната на мудроста

1 Изреки 3,13-20; 8,22-31; Рим 11,33 Изреки 2,6; Мудр 8,21; 9,4 Секоја мудрост е од Господа и со Него останува таа засекогаш.

2Изреки 30,4Кој ќе ги изброи морскиот песок, дождовните капки и деновите на веч­носта?

3Кој ќе ги испита височината на не­бото и ширината на земјата, бездната и мудроста?

424,8-9; Изреки 8,22Најнапред од сѐ е создадена мудроста, а и разбирањето на мудроста е од вечноста.

5Изворот на мудроста е Словото на Севишниот Бог, а одот нејзин се веч­ни­те заповеди.

6На кого му е откриен коренот на мудроста? Кој го знае нејзиното оства­рување?

7Само еден е премудар и многу стра­шен – Господ, Кој седи на Својот прес­тол.

8Тој ја создал и ја видел, ја измерил,

9Јоил 2,28–3,2; Дела 2,17-18; 2,33и ја излеал врз сите Свои дела,

10Проп 2,26врз секое тело според Својата дар­ба, а најмногу ги дарува оние што Го љубат.

Стравот Господов

11 Јов 28,28; Изреки 1,7 9,16 Стравот Господов е слава и чест, ве­селба и венец на радоста.

121,20; Изреки 4,10Страхопочитта кон Господа го ра­дува срцето, му дава веселба, радост и долг живот.

1311,27На оној, кој има страв од Господа, добро ќе му биде на крајот, благословен ќе биде во денот на својата смрт; страхопочитта кон Господа е дар од Гос­пода, кој води по патеките на љубовта.

14Пс 110,10Љубовта спрема Господа е славна мудрост; по својата промисла, Тој им ја дава на оние што ги милува. Почеток на мудроста е страхопочитта кон Бога. Таа е создадена кај верните уште во утробата на нивната мајка;

15Изреки 8,31; Варух 3,38таа се утврдила меѓу луѓето на веч­ни основи, на нивните потомци таа ќе им биде верна.

16Изреки 8,18-19Страхопочитта кон Господа е полнота на мудроста, таа ги опива луѓето со своите плодови.

17Мудр 7,11Нивниот дом го исполнува со сѐ што сакаат и сите нивни житници – со своите плодови.

18На мудроста венец е страхопочитта кон Господа; тој дарува мир и крепко здравје;

19Јов 28,27; Изреки 4,8Тој неа ја видел и ја изброил, го из­леал знаењето и спознанието на умноста, и славата на оние кои имаат сила над неа ја возвишил.

205 Мојс 4,26Корен на мудроста е страхопочитта кон Господа; долг живот се гранките нејзини.

21Страхопочитта кон Господа ги от­странува гревовите; а кој нема страв – не може да се оправда.

Трпеливиот човек владее со себе

22 Изреки 29,22 Гневот на нечестивиот не може да биде оправдан; тежината на гневот – е пад за него.

23Јк 1,19-20Трпеливиот човек претрпува до­крај, а потоа – наградата негова е ра­дост.

24До вистинскиот час ги сокрива сво­ите зборови, а устите на мнозина ќе го­во­рат за неговата разумност.

Доближување до Бога

25Во сокровиштата на мудроста се за­гатките на знаењето, а на грешникот му е мрска Богопочитта.

2619,20; Проп 12,13; Јн 14,21-23Ако копнееш по мудроста, исполнувај ги заповедите, и Господ ќе ти ја да­де,

27Изреки 15,33; Мт 5,4бидејќи стравот пред Господа е муд­рост и поучување; а верата и кротоста Му се угодни на Бога.

282,12; Јк 1,6-8Не биди недоверлив спрема страхо­почитта кон Господа; со срце раздвоено не пристапувај кон Него.

29Не биди лицемерен пред другите; и внимавај на својата уста.

30Изреки 5,14Не издигај се, за да не паднеш и да не бидеш осрамотен; Господ ќе ги от­крие твоите тајни и ќе те понизи среде целото собрание – затоа што не си прис­тапил искрено пред страхопочитта кон Господа и што срцето твое е полно со лукавства.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help