1 Царства 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог го отфрла Саул

1 9,16; 2 Цар 12,1; 3 Цар 11,29-39; 4 Цар 2,2.4.6 Потоа Самоил му рече на Саул: „Господ ме испрати да те по­мазам за цар над Неговиот народ, над Израил; а сега чуј го гласот Господов.

22 Мојс 17,8-16; 5 Мојс 25,17-19Така говореше Господ Саваот: ‚Ќе го казнам Амалик за она што му го направи на Израил, кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.‘

322,19; 4 Мојс 24,20; 5 Мојс 20,16-18Оди сега и нападни го Амалик (и Иерим) и истреби сѐ негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сѐ што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до магаре.“

4Ис.Н. 15,24Го собра тогаш Саул народот и го преброи во Телаим. Тие беа двесте илјади Израилци пешаци и десет илјади од Јудиното племе.

5И дојде Саул до градот на Амаликијците и постави заседа во доли­ната.

627,10; 4 Мојс 10,29-32; Суд 1,16Па им рече Саул на Кенијците: „Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликијците за да не ве погу­бам со нив, бидејќи вие покажавте бла­го­наклоност спрема сите Израилци ко­га доаѓаа од Египет.“ И Кенијците се одделија од Амаликијците.

71 Мојс 25,18И Саул го разби Амалик од Хавила сѐ до пределите на Сур, кој се наоѓа пред Египет,

84 Мојс 24,7; Ест 3,1и го зароби жив амаликискиот цар Агаг, и сиот народ го истреби со меч (а Иерим го усмрти).

9Но Саул и народот го поштедија Агаг и најдобрите овци, волови и згое­ните јагниња, и сѐ што е вредно, не го уништија, а го уништија само она што е лошо и безвредно.

102 Цар 7,4; 3 Цар 12,22; Ис 7,3И дојде слово од Господ кон Са­моил:

111 Мојс 6,6-7; 2 Цар 24,16; 3 Цар 9,6-7„Жалам што го поставив Саул за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.“ Се натажи Самоил многу, Го повикуваше Господа цела ноќ.

12Ис.Н. 15,55; 2 Цар 18,18А изутрината рано Самоил стана и отиде да го пресретне Саул. И му јавија на Самоил дека Саул отишол на Кар­мил и таму си подигнал споменик, но оттаму се вратил со колата и слегол во Гилгал.

131 Мојс 14,19; 24,31; Суд 17,2; Рута 3,10; 2 Цар 2,5Кога Самоил дојде кај Саул, Саул му рече: „Благословен да си од Господ! Јас го исполнив зборот Господов.“

14Но Самоил рече: „А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови што го слушам?“

15Саул одговори: „Ги дотераа од Амалик, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господ, твојот Бог; а другото го истребивме.“

162 Цар 7,4Самоил му рече на Саул: „Почекај да ти јавам што ми кажа Господ но­ќеска.“ А Саул му рече: „Кажувај.“

179,21Тогаш Самоил му рече на Саул: „Зарем не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израилевите племиња, и Господ те помаза за цар над Израил?

18Ер 50,14; Плач 4,22И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и нападни ги Амаликијците и војувај против нив, сѐ додека ги истребиш.‘

19Суд 2,11; 4,1; 13,1Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господ?“

20Саул му одговори на Самоил: „Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликискиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив,

21а од пленот: овците и воловите, на­ро­дот го зеде најдоброто од ограбеното за да Му принесе жртва на Господ, твојот Бог, во Гилгал.“

22Ис 1,11-17; Ер 6,20; Ос 6,6; Амос 5,22; Мих 6,6-8; Мт 9,13; Евр 10,6-9Самоил одговори: „Зар сепалени­ците и приносите повеќе Му се пријатни на Господ, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е по­добра од жртвата, и покорувањето – по­добро отколку овнешкото месо;

2313,14зашто непокорноста е исто таков грев, какво што е вражањето, а тврдо­главоста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господ, затоа и Тој те отфрли за да не бидеш цар над Израил.“

24Изреки 29,25; Ис 51,12-13И Саул му кажа на Самоил: „Згре­шив, бидејќи ја престапив заповедта на Господ и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни.

25А сега симни го од мене мојот грев и врати се со мене за да Му се покло­нам на Господ, (твојот Бог).“

2613,14А Самоил му одговори на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли за да не бидеш цар над Из­раил.“

273 Цар 11,30-31Самоил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина.

2813,14; 16,1; 28,17Тогаш Самоил рече: „Денес Господ го одзеде царството Израилево од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.

294 Мојс 23,19; Ез 24,14Светецот Израилев не лаже и не се предомислува, бидејќи Тој не е човек, та да се предомисли.“

30Јн 12,43И рече Саул: „Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израил, и врати се со ме­не, и јас ќе Му се поклонам на Господ, твојот Бог.“

31Самоил се врати по Саул, и Саул Му се поклони на Господ.

32Потоа Самоил рече: „Доведете ми го амаликискиот цар Агаг.“ Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: „Дали е ова горчината на смртта?“

331 Мојс 9,6; Суд 1,7Но Самоил рече: „Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти меѓу жените нека биде лишена од син.“ И го исече Самоил Агаг пред Господ во Гилгал.

347,17; 11,4Самоил отиде во Рама, а Саул отиде во домот свој во Гива Саулова.

3516,1И Самоил веќе не се виде со Саул до денот на својата смрт; но Самоил патеше по Саул. А Господ зажали што го постави Саул за цар над Израил.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help