1 Изреки 21,17 Работник пијаница никогаш нема да се збогати, а оној што ги презира малите работи, набргу и без нив ќе остане.
2Ос 4,11; Изреки 31,3-5Виното и жените ги расипуваат и разумните луѓе, а кој се врзува со блудница – ќе стане бесрамник.
3Изреки 5,5; 7,26-27; 9,18Гниењето и црвите ќе го наследат; бесрамната душа ќе биде погубена.
Ризиците на претераното зборување4Лесномислен е оној што брзо се доверува, а кој греши – греши против својата душа.
520,1-3; Изреки 13,3Кој ужива во злото, казнет ќе биде, а кој им се противи на грешните желби – тој животот свој ќе го овенча.
6Мих 7,5; Пс 38,1Кој јазикот свој го воздржува – мирно ќе живее, и кој мрази мрморење, злото го прогонува.
7Изреки 25,9.10Не повторувај ги зборовите што ти се доверени, и ништо нема да ти недостасува.
8Не доверувај ништо ни на пријател ниту на непријател; ако тоа не е грев за тебе – не откривај го;
9зашто оној што ќе те ислуша, ќе се припазува од тебе, а по извесно време и ќе те намрази.
10Ако слушнеш нешто, нека умре во тебе; биди како гроб. Не плаши се! Нема да те раскине.
11Кога неразумниот нешто слушне, го обземаат болки – како родилка при породување на новороденче.
12Како што е стрелата забодена во бедро, таков е и зборот во срцето на неразумниот.
Проверка на слушнатото13 5 Мојс 13,13; 17,4; Мт 18,15 Прашај го твојот пријател, можеби не го направил тоа; а, ако го направил, да не го прави во иднина.
14Прашај го пријателот: можеби не рекол ништо, а ако рекол, да не го повторува во иднина.
15Проп 7,21Прашај го пријателот твој, зошто често има клеветење,
16Јк 3,8и на секој збор не верувај.
173 Мојс 19,17Некој греши со зборови, но не и со душа; а кој не згрешил со својот јазик?
18Распрашај го ближниот твој пред да го заплашуваш; дај му место и на законот на Севишниот. Секоја мудрост е Господен страв; секоја мудрост е извршување на законот.
Вистинска и лажна мудрост19Не е мудрост да знаеш да правиш лошо; во совет на грешници – разумност нема.
201,11.27; Пс 2,11; Јов 28,28Има итрина и таа е гнасна; луд е оној што мудрост нема.
21Подобро е сиромашен со знаење, но со страхопочит кон Господа, отколку богат со знаење, а да го прекршува Законот.
22Пс 1,1Има лукава итрина во служба на неправдата, има и изопачување на вистината – корист да се добие.
23Има човек што оди подгрбавен и натажен, но однатре е полн со подмолност;
24го наведнал лицето и се прави глув, но тој ќе те измами и кога не мислиш.
25Ако немоќта му попречила да згреши, но, штом можност му се даде – ќе ти направи зло.
2627,22-23Човек се познава по изгледот и по изразот на лицето разумниот го познаваме.
27Облеката, смеењето и начинот на одење покажуваат каков е човекот.
Време за зборење и време за молчење28 20,21 Има прекор што не е навреме; а има и таков што може да се премолчи – и тоа е благоразумно.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.