1 Ис 6,8-13; Ер 1 Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Тој ми рече: „Сине човечки, стани на нозе, и Јас ќе говорам со тебе.“
2И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше.
3Тогаш Тој ми рече: „Сине човечки, Јас те праќам кај Израилевите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден.
4Тие се синови со тврдокорно лице и со жестоко срце; кај нив те праќам и ти ќе им кажеш – вака вели Господ Бог.
533,33; 4 Цар 5,8Дали ќе те послушаат или нема да те послушаат, бидејќи тие се дом отстапнички – но нека знаат дека меѓу нив имало пророк.
6А ти, сине човечки, не плаши се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу нив ќе живееш – како меѓу трње и скорпии; не плаши се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички;
7и кажувај им ги зборовите Мои – па слушале тие или не, бидејќи се тие непокорни.
83,2; Откр 10,9А ти, сине човечки, чуј што ќе ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ќе ти го дадам.“
9Откр 5,1; 10,2И видов, ете, протегната рака кон мене, и во неа – книжен свиток.
10И Тој го разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
