1 Ер 2,21; Ос 10,1 Ќе Му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето Негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид;
227,2-5; 5 Мојс 32,32; Мт 21,33; Мк 12,1Тој го огради и го исчисти од камења, насади во него избор од лозови прачки, изгради кула во средината негова, направи големи каци; очекуваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје.
3Ер 2,4-7; Мих 6,1-5Па сега, жители ерусалимски и мажи Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје.
4Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, кога очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје?
5Ос 2,12; Пс 79,12; Изреки 24,31Сега ќе ви кажам што ќе направам со лозјето Свое: ќе ја иставам оградата, и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги разрушам ѕидиштата, и ќе биде газено:
632,13; 5 Мојс 11,14; 2 Цар 1,21; Ос 10,8; Амос 4,7; Агеј 1,10ќе го оставам да запусти: нема ни да го кројат, ни да го копаат – ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него.
7Ер 31,20; Пс 9,12; Проп 3,16Лозјето на Господ Саваот е домот Израилев, а луѓето на Јуда – Негова љубена градина. И чека Тој правосудие, но ете – крвопролевање; чека правда, а ете – пискот.
Исаија ги осудува социјалните неправди8 3 Цар 21,1-16; Ер 22,13-19; Ез 7,5-26; Амос 6,1-7; Мих 2,2; Авак 2,6-20; Лк 6,24-26 Тешко ви вам, кои прилепувате куќа кон куќа, кои присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата!
91,7; 6,11; 17,9; Амос 3,15Во ушите мои – Господ Саваот рече: – тие многубројни домови ќе бидат пусти, тие големи и убави куќи ќе бидат без жители;
107,23; Агеј 2,16десет ари лозје ќе дадат едно буре, а еден гомер посеано семе, одвај ќе донесе една ефа.
1122,13; 28,1; 56,12; Јоил 1,5; Амос 4,1; Мих 2,11; Мудр 2,7-9Тешко им на оние, кои од рано утро бараат жесток пијалак и до доцна вечер се згорештуваат со вино;
12Амос 6,5-6; Пс 27,5; 143,5-6; Изреки 23,29-30на нивните гоштавки има и харфа и лира, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господ тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Неговите раце.
13Ос 4,6; Амос 8,13Затоа Мојот народ ненадејно ќе отиде во ропство; неговите големци ќе гладуваат, богаташите негови ќе се мачат од жед.
14Авак 2,5; Изреки 27,20; 30,15-16Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ќе слезе нивната слава и нивното богатство, вревата нивна и сѐ што ги весели.
152,9.11; Пс 17,27Смртникот ќе се свитка, човекот ќе се понижи и гордите луѓе очи ќе наведнат;
161,26; 6,3; 33,5; 3 Мојс 10,3; Ез 20,41а Господ Саваот ќе се возвеличи во суд, светиот Бог ќе ја соопшти светоста Своја во правда.
177,25; 32,14И овците ќе си пасат како на пасишта, и туѓинци ќе се хранат со оставените плодни пасишта на богатите.
18Тешко им на оние, кои влечат по себе беззаконие со јажиња на суетност и грев – како со колски ремења;
19Ер 17,15; Ез 12,28; 2 Птр 3,3-4кои велат: „Нека побрза Тој и нека го забрза делото Свое, за да видиме; нека се приближи и нека се исполни решението на Светецот Израилев, за да дознаеме!“
20Мих 3,2; Изреки 17,15; Мт 23,13Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро, а доброто – зло; темнината ја сметаат за светлина, светлината – за темнина, горчливото – за слатко, а слаткото – за горчливо!
2129,14; Изреки 3,7; Јн 9,40-41; Рим 1,21-22; 11,25Тешко им на оние, кои се мудри во своите очи и разумни пред самите себеси!
225,11; Песна 8,2Тешко им на оние, кои се храбри вино да пијат и силни да приготвуваат жесток пијалак,
23Изреки 17,15кои за подароци го оправдуваат виновниот, а ги лишуваат праведните од законитото!
241,4; 10,17; Мал 3,19Затоа, како што огнот ја јаде сламата, и пламенот го голта сеното, така ќе загине коренот нивни, цветот нивни ќе се разнесе како прав; зашто тие го отфрлија законот на Господ Саваот и го презреа словото на Светецот Израилев.
259,11.16.20; 10,4; Ер 7,33; 9,21; Авак 3,6; Пс 17,7Затоа гневот на Господ ќе се разгори против Неговиот народ, ќе ја протегне раката Своја против него и ќе го порази, така што планините ќе затреперат и труповите нивни ќе бидат како ѓубре по улиците. А при сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште ќе биде протегната.
Туѓинци ќе нападнат26 11,10.12; 49,22; Ер 4,6; 50,2 И ќе крене знаме за далечни народи и ќе им даде знак на оние што живеат на крајот од земјата, и ете, тие лесно и брзо ќе дојдат;
2756,10; Наум 3,18; Пс 104,37; 121,3-4кај нив нема да има ни умрен, ни премален; ниеден нема да задреме и нема да заспие; нема да се отпаше појасот од половината негова и нема да се одврзе ремен од чевлите негови;
28Ер 4,13; 47,3; Пс 7,12-13; 45,6стрелите им се изострени, сите лакови – им се затегнати; копитата на коњите нивни се како кремења, а бојните коли нивни – како виор;
29Ер 2,15; Ос 5,14; Амос 3,12рикањето нивно е како рикањето на лавица; тие рикаат како лавчиња; ќе го зграпчат пленот и ќе го однесат и никој нема да им го одземе.
308,22; Ер 4,23; Јоил 2,2; Соф 1,15Во оној ден ќе зарика против него како бучава на разбеснето море; ќе погледне Тој на земјата, и ете, темнина и жалост, а светлината потемнела во облаците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.