1 Летописи 27 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Воено и цивилно уредување

1Еве ги синовите Израилеви според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чинов­ници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и зами­нувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.

211,11; 2 Цар 23,8Над првото одделение, за првиот месец, началник беше Јашовам, син Завдиелов; во одделението негово има­ше дваесет и четири илјади;

3тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец.

42 Цар 23,9Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

511,22-25

2 Цар 23,20Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јехојада; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади;

6тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад.

72 Цар 2,18Четвртиот, за четвртиот месец, бе­ше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

8Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

92 Цар 23,26Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

10Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите си­нови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

112 Цар 21,18Осми, за осмиот месец, беше Сив­хај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

12Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Вени­јаминови; и во неговото одделение има­ше дваесет и четири илјади.

13Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

14Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.

15Ис.Н. 15,17; 2 Цар 23,29Дванаесетти, за дванаесеттиот ме­сец, беше нетофатецот Хелдај, од по­томците на Готониил; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

Кнезови во Израил

16А над Израилевите племиња начал­ници беа: во Рувимовото – кнезот Елие­зер, Зихријевиот син; во Симеоновото – Сафатија, Мааховиот син;

17во Левиевото – Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото – Садок;

18во Јудиното – Елијуј, од Давидовите браќа; во Исахаровиот – Амвриј, Миха­илов син;

19во Завулоновото – Јишмаја, Авдиев син; во Нефталимовото Јеремот, Аз­риилов син;

20во Ефремовото – Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасие­вото племе – Јоил, Федаевиот син;

21во другата половина од Манасие­вото племе во Галаад – Идо, Захарие­виот син; во Венијаминовото – Јасиел, Авнеровиот син;

22во Дановото – Азарел, Јерохамо­виот син. Тоа беа водачите на Израиле­вите племиња.

231 Мојс 12,2; 15,5; 2 Цар 24,1Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Гос­под беше рекол дека ќе го размножи Израил како ѕвездите небески.

2421; 2 Цар 24,15Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израил поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во лето­писите на царот Давид.

Службеници над царските ризници и имоти

25Над царските ризници беше Азма­вет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите – Јонатан, Озиевиот син;

26а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син;

27над лозјата – Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата – Завдиј, Шефамиецот;

28над маслините и смоквите во полињата – Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло – Јоас;

29над крупниот добиток, што пасеше во Сарон – Саронецот Шитрај, а над до­битокот во долините – Шафат, синот на Адлај;

30над камилите – Исмаилецот Овил; над магариците – Мероќанецот Јехдеја;

31над ситниот добиток – Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;

Давидови советници

32Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Је­хиил, Ахмониевиот син, беше со цар­ските синови;

332 Цар 15,12.37Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот – царев пријател;

341 Цар 22,20а по Ахитофел дојдоа Јехојада, Бенаевиот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help