Езекил 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Секој е одговорен за своите сопствени гревови

1И дојде слово Господово до мене:

2Ер 31,29„Зошто употребувате во израилската земја поговорка, велејќи: ‚татков­ци­те јадеа кисело грозје, а на децата за­би­те им фаќаат оскомина?‘

3Жив сум Јас, вели Господ Бог: – во иднина нема да ја кажуваат таа пого­ворка во Израил.

43,18; 18,20; 5 Мојс 24,16Зашто, ете, сите души се Мои; како душата на таткото, така и душата на си­нот се Мои: која душа греши, таа ќе ум­ре.

522,6-12; Мих 6,6-8; Пс 15Ако некој е праведен и одржува за­кон и правда,

6по планините не јаде жртвено и кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја ос­квернува и до жената своја, кога се чис­ти од својата нечистотија не се прибли­жу­ва;

73 Мојс 19; Мт 25,35-36никого не присилува, на должникот му го враќа залогот и грабеж не врши, од својот леб му дава на гладниот и го­лиот го облекува во облека,

8под лихва не дава и лихва не зема, ја воздржува раката своја од неправда и извршува праведен суд меѓу човек и чо­век;

93 Мојс 18,5постапува според Моите заповеди и искрено пази на Моите наредби – тогаш тој е праведник, тој секако ќе биде жив, вели Господ Бог.

10Но, ако му се роди син разбојник, кој пролива крв и врши нешто што и да е слично на тоа,

113 Мојс 20,10кое тој сам никако не го вршел и по планини јаде жртвено, и жената на ближниот ја осквернува,

12беден и сиромав угнетува, одзема насила, залог не враќа и кон идолите ги врти очите, тој врши гадотија;

13дава под лихва и зема лихва, – па зар ќе биде тој жив? Не, тој нема да биде жив. Кој ги врши сите тие гадни ра­бо­ти, тој бездруго ќе умре, крвта негова ќе биде врз него.

14Но, ако некому му се роди син, кој, гледајќи ги сите тие гревови на својот татко, какви што ги вршел, па гледа – и не врши слични работи:

15по планини жртвено не јаде, кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја ос­квернува

16и човек не присилува, залог не зема и насила не одзема, од лебот свој му да­ва на гладен и гол со облека облекува,

17врз беден рака не крева, награди и лихва не зема, ги исполнува Моите по­велби, тој нема да умре заради гре­во­ви­те на татко си: тој ќе биде жив.

18А татко му, бидејќи немилосрдно угнетувал, братот го ограбувал, и вр­шел лоши работи кај народот свој, ете – тој ќе умре поради своето беззако­ние.

19Вие велите: ‚зошто, пак, синот не ја сноси вината на татко си?‘ Затоа, што синот постапува законски и праведно, пази на сите Мои наредби и ги из­вр­шу­ва: тој ќе биде жив.

205 Мојс 24,16Душата, која згрешила, ќе умре; си­нот нема да го понесе гревот на татко си, и таткото нема да го понесе гревот на синот свој, правдата на праведниот кај него си останува и беззаконието на грешникот кај него си останува.

2133,11-16И грешникот, ако се одврати од си­те свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува за­кон­ски и праведно, ќе биде жив, нема да умре.

22Сите негови престапи, што ги пра­вел, нема да му се спомнуваат; во прав­да­та своја, што ќе ја врши, тој ќе биде жив.

23Зар Јас сакам смрт за грешникот? вели Господ Бог. Напротив, Јас сакам – тој да се откаже од патиштата свои и да биде жив.

24И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги вр­ши грешникот, ќе биде ли жив? Сите не­гови добри дела, што ги правел, нема да бидат спомнати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ќе умре.

25Но вие велите: ‚не е исправен патот Господов‘. Послушајте, доме Израилев, зар Мојот пат не е исправен? Зар ва­ши­те патишта не се неисправни?

26Ако праведникот отстапува од правдата своја и врши беззаконија и за­тоа умира, тој умира поради гревот што го направил.

27И грешникот, ако се откаже од беззаконието свое што го вршел, па од­р­жува закон и правда – ќе ја врати ду­ша­та своја кон живот.

28Зашто тој видел и се откажал од си­те свои престапи, какви што направил: ќе биде жив, нема да умре.

29А домот Израилев вели: ‚не е прав патот Господов!‘ Не се ли прави доме Израилев, Моите патишта? Па зар се прави вашите патишта?

30Затоа Јас ќе ви судам вам, доме Из­раилев, секого според делата негови, ве­ли Господ Бог; покајте се и оттргнете се од вашите престапи, та вашето нечес­тие да не ви биде вам сопка.

3111,19Отфрлете ги од себе сите свои гре­вови, со кои сте згрешиле, и направете си ново срце и нов дух; и зошто да умирате, доме Израилев?

32Зашто Јас не сакам никој да умре, вели Господ Бог; но поправете се – и живејте!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help