1 Ездра 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Противставување на непријателите на Јудејците

1Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленството градат храм на Господ, Бог Израилев;

24 Цар 17,24.41и дојдоа кај Зоровавел и кај пог­лаварите на родовите и им рекоа: „Да градиме и ние со вас, зашто и ние како вас Му се поклонуваме на вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дни­те на Есар-Хадон, асирскиот цар, кој нѐ пресели овде.“

31,1-4Зоровавел, Јешуа и другите кнезови на родовите израилски им одговорија: „Не може да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господ, Бог Израилев, како што ни заповеда Кир, царот персиски.“

43,3Тогаш народот на онаа земја, почна да му ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето;

5и поткупуваа советници против нив за да ја расипуваат намерата нивна во текот на сето време од владеењето на Кир, царот персиски, до царувањето на Дариј, цар персиски.

Јудејците обвинети кај царот Артаксеркс

6 Ест 1,1 А кога царуваше Ксеркс, на поче­токот од неговото царување, напишаа обвинение против жителите на Јудеја и на Ерусалим.

77,1; 4 Цар 18,26; Ис 36,11; Дан 1,4; 2,4; Неем 2,1Исто така во дните на Артаксеркс пишуваа и Бишлам и Митредат, и Та­вел и други нивни другари до Артак­серкс, царот персиски. Писмото беше напишано со арамејско писмо и на ара­мејски јазик.

8Рехум, царскиот помошник и Шим­шај, секретарот, напишаа вакво писмо против Ерусалим до царот Артаксеркс:

91 Мојс 10,10; Ест 1,2; Дан 8,2; Неем 1,1Од Рехум, царскиот помошник, Шимшај – писар и останатите нивни соработници; жителите од Дин, Афар­сатах, Тарпел, Афарес, Ерех, Вавилон, Суза, Деха, Елам,

104 Цар 17,24и останатите народи што ги пресели големиот и славниот Оснапар и ги насели во градовите на Самарија и во другите градови на самарјанската об­ласт од онаа страна на Реката.

11Еве препис од писмото што му го испратија нему: „До царот Артаксеркс, твоите слуги, луѓето што живеат од онаа страна на Реката ти праќаат поздрав.

125,3.9Да знаеш, царе, дека Јудејците што излегоа од тебе и дојдоа кај нас во Еру­салим, тој бунтовен и лош град, прават ѕидови, чии темели веќе ги поправија.

137,24; Неем 5,4Но да знаеш, царе, дека ако тој град биде изграден и ѕидиштата негови обно­вени, тие нема да плаќаат ни данок, ни летнина, ни царина, и царската ризница ќе има загуба.

14А бидејќи јадеме леб од царскиот дворец, и не можеме да ја гледаме таа загуба за царот, затоа испраќаме известување до царот.

155,17; 6,1; Ест 8,3Нека се побара во книгата на лето­писите на твоите предци, и ќе се најде во таа летописна книга и ќе се дознае дека овој град е град одметник и па­косен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо вре­ме, поради што овој град бил опус­тошен.

16Затоа му соопштуваме на царот де­ка, ако овој град биде изграден и ѕи­диштата негови поправени, нема да имаш власт од онаа страна на Реката.“

Одговор од царот Артаксеркс

17Царот му испрати одговор: „До Ре­хум, царскиот помошник, и до Шимшај, писарот, и до другите нивни соработници што живеат во Самарија и во дру­гите градови од онаа страна на Реката, поздрави.

18Писмото што ми го испративте, ми беше јасно прочитано.

194 Цар 18,7; 24,1.20Затоа јас наредив да се побара, и пронајдоа дека овој град уште од старо време се бунтувал против царевите, и во него имало одметнувања и немири.

20Во Ерусалим имало силни цареви, кои владееле во целата задречна област и кои земале данок, летнина и царина.

21Неем 1,3И така, дајте заповед, тие луѓе да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас.

22Бидете внимателни за да не испуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?“

23Штом писмото на царот Артак­серкс беше прочитано пред Рехум и Шимшај, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим кај Јудејците и насилно им ја забранија работата.

24Агеј 1,1; Зах 1,1(Тогаш сопреа работите околу Бож­јиот храм во Ерусалим, сѐ до втората година од царувањето на персискиот цар Дариј.)

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help