Естира 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Неволја и смрт на Аман

1И дојде царот со Аман на гозбата кај царицата Естира.

2Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време на гош­те­ва­њето: „Која е твојата желба, царице Естира? Таа ќе биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ќе биде исполнета.“

3Царицата Естира одговори и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба!

4Зашто јас и мојот народ сме прода­дени да бидеме истребени, убиени и за­ги­нати. Да бевме продадени како робо­ви и робинки, јас ќе молчев, макар не­пријателот и да не ја надомести штетата на царот.“

5Проговори царот Ксеркс и ја праша царицата Естира: „Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да пос­та­пи така?“

6Естира му одговори: „Непријателот е овој злобен Аман!“ И Аман затрепери пред царот и царицата.

7И во гневот свој царот стана од гоз­ба­та и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за живо­тот свој царицата Естира, зашто виде де­ка од царот го чека зло.

8Кога царот се врати од градината кај дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое се­де­ше Естира. И царот рече: „Сака дури и да ја обесчести царицата во куќата мо­ја!“ Излезе зборот од устата на царот, – му го покрија лицето на Аман.

95,14И рече Харвона, еден од царските слуги: „Еве ја бесилката што ја беше приготвил Аман за Мардохеј, кој гово­реше добро за царот, стои во домот на Аман, висока е педесет лакти.“ И царот рече: „Обесете го на неа!“

102,1И го обесија Аман на бесилката што тој ја беше направил за Мардохеј. Тогаш гневот на царот стивна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help