Псалми 110 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 110Благодарствена песна за духовните и телесните дарови Божји

1 137,1; 149,1 Алилуја! Ќе Те славам, Господи, од сѐ срце во советот на праведните и во собранието.

291,5; Откр 15,3Големи се делата на Господ, нека размислуват за нив сите што уживаат во нив.

3111,3.9; Ис 51,6Неговото дело е слава и вели­ко­ле­пие, а правдата Негова вечно ќе постои.

485,15; 102,8; 111,4Незаборавни ги направи чудесата Свои, милостив и штедар е Господ.

5104,8Им дава храна на оние, кои се бојат од Него; вечно го помни заветот Свој.

6Ер 27,5Силата на делата свои му ја покажа на Својот народ, за да му ги даде нез­набошците во наследство.

718,7; 92,5Делата на рацете Негови се верност и правда; и верни се сите заповеди Не­гови,

818,9; 148,6; Ис 40,8утврдени засекогаш, засновани врз верност и правдина.

9104,10; 5 Мојс 28,58; Лк 1,49.68Тој му испрати избавување на Својот народ; засекогаш го установи Својот за­вет. Свето е и страшно името Негово.

10Јов 28,28; Изреки 1,7; 9,9; Сир 1,16Почеток на мудроста е стравот од Господ; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help