3 Ездра 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Има знаци и сили, за времето кога Сесилниот ќе го посети светот

1Тој ми одговори и рече: „Кога го мериш времето, мери го во себеси, и кога ќе видиш изминал еден дел од веќе посочените знаци,

2Мт 24,33; Мк 13,29; Лк 21,31; 3 Езд 5,56; 6,18тогаш ќе разбереш дека е тоа точно времето кога Севишниот ќе почне да ги посетува Своите созданија од Неговиот свет.

3Мт 24,7; Мк 13,8; Лк 21,10.11Кога во светот ќе се појават зем­јо­треси, бунтови кај народите,

4Мт 24,33; Мк 13,29; Лк 21,31тогаш ќе разбереш дека за тоа гово­рел Севишниот уште во деновите пред тебе, во почетокот.

5Како сѐ, што е создадено во светот, има свој почеток и крај, така и сврше­токот бива јавен,

6така и времињата на Севишниот имаат почеток, кој се открива преку чудеса и сили, и крај, кој се појавува преку дејства и знаци.

78,33; 13,23; Рим 3,28Секој, што ќе се спаси и успее преку своите дела и верата, во која верувате, да избегне од горе споменатите зла,

86,25; 12,34; 13,48ќе остане и ќе го види спасението од Мене во Мојата земја и во Моите преде­ли, кои сум ги осветил уште пред веко­вите.

9Мудр 5,2Тогаш ќе зажалат оние, кои отста­пиле сега од Моите патишта и оние што ги отфрлиле со презир; тие ќе бидат во маки.

10Лк 16,25Оние, кои во животот добиваат доб­рини, а не Ме познаа,

118,56го пренебрегнуваа Мојот закон, не го разбраа, туку го презреа, кои беа уш­те слободни и кога им беше уште отво­рено место за покајание,

12тие ќе Ме познаат по својата смрт, во маките.

131 Кор 3,22; 3 Езд 6,55Тие не беа повеќе љубопитни за тоа како ќе се спасат непобожните, туку испитуваа како и кога ќе се спасат пра­ведните, на кои им припаѓа и заради кои постои светот.“

14Јас одговорив и реков:

158,1„Понапред говорев, а и сега кажу­вам, и потоа ќе говорам, дека оние што ќе загинат, се повеќе од оние што ќе се спасат – како бранот што е повеќе од капка.“

16Тој ми одговори и рече:

171 Кор 3,12-15„Каква е нивата, такво е и семето; какви се цвеќињата, такви се и шар­ки­те; каков е работникот, таква му е и ра­бо­тата; каков е земјоделецот, такво е и обработувањето; зашто тогаш беше времето на векот.

18Кога го приготвував светот, пред да биде живеалиште на оние што сега жи­веат во него, тогаш никој не Ми се противстави.

19Пс 22,5; 77,19; Рим 11,33А сега, кога овој свет беше создаден, обичаите на создадените се расипаа при богата жетва и неиспитан за­кон.

201 Мојс 6,12Јас го разгледав светот: и, ете, се покажа опасност од замисли, кои се по­јавија во него.

215,23Го видов и го поштедив; запазив за Себеси едно зрно од гроздот и еден од многуте садови.

22Нека загине множеството што се родило попусто; нека се запазат Моето зрно и Мојот сад, кои ги одгледав со го­лем труд.

236,35А ти, кога изминат другите седум дена, но без да постиш во тоа време,

2410,32; 12,51и кога ќе излезеш во расцутеното поле, каде што нема изградено куќа, па почнеш да се храниш само со полски цвеќиња, без да јадеш месо, нити да пи­еш вино, туку само со цвеќињата,

25моли Му се непрестајно на Севиш­ниот, и Јас ќе дојдам и ќе ти говорам.“

ЧЕТВРТО ВИДЕНИЕЗаконот останува

26И, како што ми рече, јас отидов во полето, кое се нарекува Ардат, седнав таму меѓу цвеќињата и јадев од полските треви и храната од нив ме наситуваше.

275,21; 6,36; 6,37По седумте дена јас лежев во тревата, и срцето мое пак се вознемируваше, како и порано.

2814,41Устата моја се отвори и јас почнав да говорам и реков:

292 Мојс 19,9; 24,10; Ер 2,6„О, Господи, Ти Кој сега ни се јавуваш нам, им се јавуваше и на нашите татковци во непроодната и бесплодна пустина, кога излегоа од Египет,

30тогаш си рекол: Слушај ме, Изра­иле; семе Јаковово, внимавај на моите зборови.

318,6Ете, јас го сеам Мојот закон во вас, тој ќе роди во вас плод; ќе се славите вечно во него.“

32Дела 7,53; 3 Езд 14,30; 9,37Но нашите татковци, кога го при­ми­ја законот, не го исполнија и не ги за­пазија Твоите заповеди; макар што пло­дот од Твојот закон не загина, и не мо­жеше да загине, зашто беше Твој,

33но загинаа оние што го примија за­конот, не запазувајќи го она што е по­се­ано во него.

34Обично бива така, ако земјата при­мила семе, или морето кораб, или некој сад – храна или пијачка, па ако биде по­вредено она што е посеано или она во што е сместено,

35во таков случај загинува заедно и она што е посеано, поставено или из­никнато, па пред вас нема да остане фатеното. Но со вас не бива така.

36Ние, кои го примивме Законот, гре­шејќи, загинавме; загинува и нашето срце што го прими;

379,32; Ис 40,8; Мт 5,18; Лк 16,17но Законот не загинува; тој останува во својата сила.

Видение за расплаканата жена

38 10,41.44; 1 Цар 4,12; Ест 4,1; Ис.Н. 7,6; Ест 5,1 Кога го говорев ова во своето срце, погледнав со моите очи и од мојата дес­на страна видов жена; ете, таа плачеше и офкаше со висок глас и силно страдаше душевно; облеката ѝ беше раскината и на главата имаше пепел.

3910,5Тогаш ги оставив размислувањата, со кои бев зафатен, се свртев кон неа и ѝ реков:

40„Зошто плачеш и зошто страдаш душевно толку многу?“

41Таа ми одговори: „Остави ме, гос­подаре мој, да се оплакувам себеси и да ја удвојам мојата жалост; многу сум огорчена душевно и многу сум по­низена.“

42Јас ја прашав: „Што си претрпела? Кажи ми!“ А таа ми одговори:

4310,45„Јас, твојата слугинка, бев неплодна; имав маж, но не раѓав триесет години.

441 Цар 1,10.11Секој час и секој ден, во тие триесет години, непрестајно Му се молев на Се­вишниот,

45Лк 1,48; Лк 1,58по триесет години, Бог ме чу мене, твојата слугинка, ја виде мојата сми­реност, ја слушна мојата тага и ми даде син; јас му се израдував многу, и мојот маж, и сите мои сограѓани, и многу Го прославивме Севишниот.

46Јас го одгледав со голем труд,

47Тов 8,19; 11,18; Мт 22,2а кога порасна и реши да се жени, приредив свадбена гозба.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help