1 3 Цар 3,7; 2 Лет 13,7 Тогаш царот Давид му кажа на целото собрание: „Синот мој, Соломон, кого Сам Бог го избра, е млад и нежен, а работата е голема, зашто таа зграда нема да биде за човек, туку за Господ Бог.
2Ис 54,11; Агеј 2,8; 1 Езд 1,4; 6,5Со сите сили приготвив за домот на мојот Бог злато за златните предмети, сребро за сребрените и бакар за бакарните, железо за железните и дрво за дрвените, ониксов камен и камења за украсување, камења убави и шарени, секакви скапи камења и многу мермер;
32 Лет 24,10; 31,3и уште, од љубов кон домот на мојот Бог, што имам сопствено злато и сребро, и него го давам за домот на мојот Бог, покрај сето она, што сум го приготвил за светиот дом:
4три илјади кикари злато, офирско злато, и седум илјади кикари чисто сребро за обложување на ѕидовите на зградите,
52 Мојс 25,2за сите златни предмети, за сите сребрени и за сите изработки од уметнички раце. Нема ли уште некој доброволно да даде прилог денес за Господ?“
62 Мојс 25,1-8; 1 Езд 7,15; Неем 7,70-71; 2 Лет 24,10Тогаш родоначалниците и началниците на израилските племиња, илјадниците и стотниците и надзорниците на царските работи почнаа да донесуваат доброволни прилози.
7И дадоа за уредување на Божјиот дом пет илјади кикари и десет илјади даријки злато, десет илјади кикари сребро, осумнаесет илјади кикари бакар и сто илјади кикари железо.
82 Мојс 35,27И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на домот Господов, во рацете на Гирсонецот Јехиил.
9И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господ, па и Давид многу се радуваше.
Благодарноста на Давид кон Господ Бог10Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: „Благословен си, Господи Боже Израилев, отсекогаш и засекогаш!
11Пс 23,8; 58,17; 88,11; Откр 5,12-13Твое е, Господи, и величието, и силата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел.
121 Езд 7,27; 2 Лет 1,12Од Тебе се и богатството и славата; Ти владееш над сѐ, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да издигнеш и да зацврстиш сѐ.
13И сега, Боже наш, Те славиме и го фалиме Твоето величествено име.
14Пс 8,3; 144,3Зашто, кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку? Но од Тебе е сѐ, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме;
151 Мојс 17,8; 23,4; Пс 38,11; Јов 7,6; 8,9зашто ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши татковци; нашите дни се како сенка на земјата, и нема надеж.
16Господи, Боже наш! Сето ова богатство, што го приготвивме, за да Ти изградиме дом Тебе, на Твоето свето име, е од Твоја рака, и сѐ е Твое.
17Ер 11,20; 17,10; Пс 10,1-5; 138,23Знам, Боже мој, дека Ти го испитуваш срцето и ја сакаш искреноста; јас со чисто срце го жртвував сето ова, и сега гледам дека и Твојот народ, кој е собран тука, со радост жртвува за Тебе.
18Господи, Боже на Авраам, Исак и Израил, нашите предци, запази го тоа засекогаш, тоа расположение на срдечните мисли во Твојот народ, и насочи го неговото срце кон Тебе.
19Пс 71,1А на синот мој Соломон дај му чесно срце, за да ги запазува Твоите заповеди, Твоите одредби и Твоите повелби, да го извршува сето тоа и да ја изгради зградата на Твојот дом, за која сум приготвил сѐ.“
20А на целото собрание Давид му рече: „Благословете Го Господа, нашиот Бог!“ И целото собрание Го благослови Господа, Бог на предците свои, па коленичеа и Му се поклонија на Господ и на царот.
213 Цар 8,62На другиот ден Му принесоа жртва на Господ; Му принесоа сепаленици на Господ: илјада телиња, илјада овни и илјада јагниња со преливите нивни, и многу жртви од сиот Израил.
221 Цар 2,35; 3 Цар 1,40Па јадеа и пиеја пред Господ во тој ден со голема радост, и по вторпат го прогласија Соломон, синот Давидов, за цар и го помазаа пред Господ за врховен владетел, а Садок – за свештеник.
235 Мојс 17,18И седна Соломон на престолот Господов како цар, место татко си Давид и напредуваше, и сиот Израил му се покоруваше.
243 Цар 1,9И сите началници и војводи, како и сите синови на царот Давид му се покоруваа на царот Соломон.
253 Цар 3,12-14; 10,7; Ис.Н. 3,7; 2 Лет 1,1И Господ го издигна Соломон пред очите на сиот Израил и му дарува царска слава, каква што немаше пред него ниеден цар израилски.
Резиме на владеењето на царот Давид26Давид, синот Јесеев, царуваше над сиот Израил.
271 Мојс 23,19; 2 Цар 5,4-5; 3 Цар 2,11Тој царуваше над Израил четириесет години: во Хеврон царуваше седум години, и во Ерусалим царуваше триесет и три години.
281 Мојс 15,15; 3 Цар 2,12; Дела 13,36Потоа умре тој во честита и длабока старост, наситен од живот, богатство и слава; место него стана цар неговиот син Соломон.
291 Цар 9,9; 22,5; 2 Цар 7,2Делата на цар Давид, првите и последните, се опишани во записите на јасновидецот Самоил, во записите на пророкот Натан и во записите на јасновидецот Гад,
30како и целото негово царување, јунаштвото негово и настаните, што се случија со него, со Израил и со сите земни царства.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.