Псалми 146 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 146Прославување на духовните и телесните Божји дарови

1 91,1 Фалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.

250,19; Ис 11,12; 55,7; Ер 31,10Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израил.

3Ис 61,1; Ер 33,6; Јов 5,18Тој ги исцелува скршените по срце и ги преврзува раните нивни.

4Ис 40,26Го определува бројот на ѕвездите и на сите им дава име.

5Ис 40,28Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а разумот Негов – неизмерлив е.

61 Цар 2,7; Сир 10,14-18Господ ги подига понижените, а грешниците ги понижува до земја.

7Пејте Му секогаш славословија на Господ: на лира пејте Му на Нашиот Бог,

8103,10; Ер 14,22; Јоил 2,23; Јов 5,9-10Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,

9103,27-28; Јов 38,41; Мт 6,26на добитокот му ја дава храната не­гова и на малите врани кога гракаат.

1019,7-8; 32,16-18На коњската сила не гледа Тој, ни­ту Му е мила брзината на човечките но­зе.

11Господ ги почитува оние, кои се бо­јат од Него и кои се надеваат во Него­­вата милост.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help