Псалми 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 28Славопој за Господарот на бу­рата

1 95,7-9 Воздајте Му на Господ, синови Бож­ји, воздајте Му на Господ слава и моќ,

2воздајте Му слава на Господ на име­то Негово, поклонете Му се на Господ во Неговото светилиште.

317,10-15; 76,17-18; 96,2-4; 103,7; 2 Мојс 19,16; 18,17-18; Ис 30,30; Ез 10,5; Авак 3; Јов 37,2-5Гласот Господов е над водите; Бог на славата грми, Господ над силните води.

4Гласот Господов е во силата, гласот Господов полн со величественост.

5Гласот Господов крши кедри; ги крши Господ кедрите леванонски,

6113,4и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион – како младо биволче.

7Авак 3,11Гласот Господов фрла огнен пламен.

8Гласот Господов ја потресува пустината; ќе ја затресе Господ пустината Кадис.

9Гласот Господов ги породува бреме­ните кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова.

101 Мојс 6–9; Ис 54,9Господ седи на престолот над води­те, и ќе седи Господ како цар довека.

1127,8; 67,35; Дан 7,27Господ ќе му даде сила на Својот народ, Господ со мир ќе го благослови народот Свој.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help