2 Макавејска 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Одмазда на Јуда против Јопија и Јамнија

1 1 Мак 6,28-63 Во сто четириесет и деветтата година слушнаа оние што беа со Јуда дека Антиох Евпатор доаѓа против Јудеја со голема војска,

21 Мак 6,28-30а со него и Лисиј, настојник и држа­вен управител и дека едниот и другиот имаат елинска војска од сто и десет ил­јади пешаци, пет илјади и триста коња­ници, дваесет и два слона и триста бојни коли со коси.

34,24-50Кон нив бил придружен и Менелај, поттикнувајќи го многу итро Антиох, не затоа што сакал да ја спаси таткови­ната, туку се надевал да го добие нас­ледството.

4Откр 17,14Но Царот над царевите го поттикна гневот на Антиох против престапникот, и кога Лисиј објасни дека Менелај е ви­новен за сите зла, тој заповеда да го до­ведат во Верија и да го погубат според тамошните обичаи.

5Во тоа место имаше една кула, висока педесет лакти, полна со пепел, а во неа направа, која се врти наоколу и по­тоа се спушта во пепелта.

6Овде го фрлаат оној што е фатен во кражба на свети предмети или оној што направил некое друго големо злостор­ство, и тука ја наоѓал својата смрт.

7Таква судбина го снајде Менелај – да умре и да не биде погребан.

85,8-10; 9,28; 2 Мојс 21,23И тоа беше сосема праведно: тој на­прави многу гревови против олтарот на Господ, чии оган и пепел се свети, па за­тоа и смртта го снајде во пепелта.

Молитвите на Јудејците

9Меѓутоа, царот ожесточен во своите замисли, го продолжуваше својот поход со намера на Јудејците да им нанесе по­големо зло од она што им го беше на­нел неговиот татко.

10Кога Јуда слушна за ова, тој му на­реди на народот да се моли дење и ноќе, да го повикува името на Господ та и се­га, како и порано, да им ја даде Својата помош и во оваа опасност за да не бидат лишени од својот закон, од татковината и од светиот храм,

11да не допушти неговиот народ, кој штотуку се поуспокоил, одново да биде поробен од богохулните назнабошци.

12Сите еднодушно го направија тоа и три дена, едноподруго, со плач, пост и поклони непрестано Му се молеа на ми­лосрдниот Господ; тогаш Јуда, откако ги охрабри, им порача да бидат пригот­вени.

13Штом останаа насамо со народните старешини, одржаа со нив совет и едно­душно решија, пред царската војска да навлезе во Јудеја и да го преземат гра­дот, да излезат пред непријателите и со Божја помош, веднаш да ја свршат таа работа.

14Откако препушти Создателот на светот да се грижи за Своето дело, Јуда ги охрабри оние што беа со него – храб­ро да се борат за одбрана на законите, на храмот, на градот, татковината и граѓанските права, ја распореди својата војска околу Модин.

158,23Па штом им се обрати на своите луѓе со борбениот поздрав „Божја е победата!“, се спушти ноќе со одбор силни момци кон царскиот шатор, уби четири илјади војници; неговите луѓе го прободоа со меч и најголемиот слон за­едно со неговиот управувач што беше во куќичката врз него.

16Најпосле, откако во сета војска внесоа страв и немир, победоносно се по­влекоа.

17Тоа стана на разденување, под Бож­ја закрила.

Антиох Петти поразен од Јудејците(1 Мак 6,48-63)

18А царот, откако лично ја увиде ју­дејската храброст, се обиде со итрина да ги нападне нивните места.

191 Мак 6,31Се приближи до Бет-Цур, силна ју­дејска тврдина, но претрпе пораз и беше победен:

20а Јуда ги снабдуваше оние во тврдината со сѐ што им беше потребно.

214,34Некојси Родок од јудејската војска им ја открил таа тајна на непријате­ли­те, но тој бил пронајден, фатен и затво­рен.

22Вторпат влезе царот во преговори со жителите на Бет-Цур, им ја подаде својата десница, склучи со нив мир, а потоа се повлече и се сврте против оние што беа со Јуда, но беше победен.

233,35; 9,29Откако слушна дека Филип, кој бе­ше оставен да управува во Антиохија, се одметнал, тој се вознемири и пак почна да преговара со Јудејците, ги прифати нивните услови и со клетва се обврза дека ќе ги исполни сите нивни справедливи барања; потоа принесе жртва, му даде дарови на храмот и по­кажа милост спрема градот;

24го прими Макавеј и го постави за намесник од Птолемаида до земјата на Геринците.

256,8Потоа отиде во Птолемаида, но жи­телите на овој град беа незадоволни од договорот, негодуваа против таквите услови и бараа да биде поништен.

26Тогаш Лисиј, откако се искачи на судиското место, го бранеше договорот што можеше подобро, па, откако ги увери жителите во неговата ис­прав­ност, ги смири и потоа се врати во Ан­тиохија. Така заврши воениот поход на царот и неговиот пораз.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help