1 Ез 14,14; Јк 5,11 Имаше еден човек во земјата Уц, по име Јов; тој човек беше непорочен, праведен, богобојазлив и го одбегнуваше злото.
2И му се родија седум синови и три ќерки.
31 Мојс 12,16; 24,35; 26,14
1 Мојс 29,1; Суд 6,3; 3 Цар 5,9; Ис 11,14; Ер 49,28Имотот му беше: седум илјади ситен добиток, три илјади камили, петстотини чифта волови, петстотини магарици и голем број слуги; и тој човек беше најпрочуен меѓу сите луѓе на Исток.4Синовите негови се собираа и приредуваа гозби секој во домот свој, на својот ден, а ги покануваа и трите свои сестри да јадат и да пијат со нив.
51 Мојс 35,2; 2 Мојс 19,10; 1 Цар 16,5Кога завршуваа дните на гозбите, Јов ги повикуваше, та ги осветуваше. Станувајќи изутрина рано, принесуваше сепаленици за сите нив (и едно теле за гревот на нивните души), зашто Јов си велеше: можеби синовите мои згрешиле и Го навредиле Бога во срцето свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови.
62,1-3; 3 Цар 22,19-22; Дан 7,10; Евр 12,22; Откр 5,11Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот.
7И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ А ѓаволот Му одговори на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“
8И Господ му рече на ѓаволот: „Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото.“
9Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Зар попусто Јов е богобојазлив?
103,23Не го огради ли Ти него и куќата негова наоколу и сѐ што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, а стадата негови се шират по земјата;
112,5-6но пружи ја раката Своја и допри се до сѐ што е негово, ќе Те благослови ли тогаш?“
12И му рече Господ на ѓаволот: „Еве, сѐ што е негово, е во твоја рака; само врз него не посегај!“ – И се оддалечи ѓаволот од Господ.
13Еден ден синовите и ќерките на Јов јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат.
14И ете, дојде известувач кај Јов и му рече: „Воловите ораа и магариците пасеа покрај нив,
15кога Савејци ги нападнаа и ги отераа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам.“
164 Цар 1,10.12.14; Пс 103,4; Лк 9,54Додека уште говореше, дојде друг и рече: „Оган Божји од небото падна, ги изгоре овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам.“
17Суд 7,16; 1 Цар 11,11; 13,17Додека тој говореше, дојде трет, па рече: „Халдејци, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а момоците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам.“
18И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: „Синовите и ќерките твои јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат;
198,4ете, дувна силен ветар откај пустината и ги зафати четирите агли на куќата; куќата се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам.“
20Тогаш Јов стана, ја раскина својата горна облека, ја острижа главата своја и падна на земја, па се поклони
21Пс 48,17; Проп 5,14; Сир 17,1; 40,1; 1 Тим 6,7и рече: „Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ќе се вратам. Господ даде, Господ зеде. (Како благоволеше Господ, така и се случи). Нека е благословено името Господово!“
222,10Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.