1 9,3-4 Товит, татко му на Товија, ги броеше деновите. Па, кога изминаа деновите предвидени за патувањето, а него уште го немаше,
2Товит рече: „Можеби ги задржале или можеби Гаваил умрел, па нема кој да им ги даде парите.“
3И многу се натажи.
4А жена му рече: „Синот наш загинал, затоа и го нема да се врати.“ (И почна да плаче по него и да говори:)
511,13„Тешко мене, чедо мое, што те пуштив, светлино на моите очи!“
65,21Товит почна тогаш да ја утешува, велејќи ѝ: „Молчи, не плачи, тој е жив и здрав.“
711,5Таа му рече: „Ти молчи и не мами ме; знам јас дека пострадал нашиот син.“ – Секој ден таа излегуваше надвор од градот на патот, по кој отпатува нивниот син; дење не јадеше ништо, а ноќе, непрестано плачеше по своето чедо Товија, сѐ додека не изминаа четиринаесет свадбени денови, за кои Рагуил го заколна да преседи таму. Тогаш Товија му рече на Рагуил: „Пушти ме да си одам, зашто татко ми и мајка ми веќе не се надеваат дека ќе ме видат.“
88,20; 9,3-4; 1 Мојс 24,54.56; 30,25Тестот негов му рече: „Остани кај мене, а јас ќе се погрижам да најдам некого што ќе го извести татко ти за тебе.“
9А Товија му одговори: „Не, пушти ме да се вратам кај татко ми.“
Товија се поздравува со родителите на својата жена10 8,21; 1 Мојс 24,35 Рагуил тогаш стана, му ја предаде Сара, неговата невеста, му го даде половината од својот имот, добиток и пари.
111 Мојс 45,28Откако ги благослови, се прости и се збогува со нив, велејќи: „Небесниот Бог да ве благослови пред да умрам.“
128,21А на својата ќерка ѝ рече: „Почитувај ги твоите свекор и свекрва; сега тие се твои родители; сакам да слушам само добри вести за тебе.“ И ја бакна. А Една му рече на Товија: „Брате мој сакан, Небесниот Господар нека те издигне и да ти подари да видиш деца од Сара, мојата ќерка, за да се нарадувам пред Господ. Еве, ти ја предавам мојата ќерка да се грижиш за неа и да не ја ожалостуваш.“
134,3Откако Му заблагодари на Бога што го благословил неговото патување, Товија им посака благослов на Рагуил и на неговата жена Една. Товија појде на пат. Патуваа и најпосле се приближија до Ниневија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
