Изреки 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Повикот на мудроста

1 1,20-21 Нели мудроста вика? И нели разумот го издига гласот свој?

2Мудроста застанува на високи мес­та, крај патот, на раскрсници;

3таа вика пред портите при влезот во градот, кај влезот од вратата силно из­ви­кува:

4Мудр 7,22–8,1„Кон вас, луѓе, викам, и кон сино­ви­те човечки е мојот глас!

5Научете се, неразумни, на благора­зумие, и безумни, – на разум.

6Сир 10; 11,1-6Слушајте, бидејќи ќе говорам важни работи, и устата моја ќе изрече правда;

7зашто јазикот мој ќе ја изговори вис­тината; лажливата уста одвратна е за мене.

8Сите зборови на устата моја се спра­ведливи; во нив нема ни подмолност, ни лукавство;

9сите тие се јасни за разумниот и спра­ведливи за оние, што се здобиле со знаење.

10Примете го учењето мое, а не среб­ро; подобро знаење, отколку најдобро злато;

11зашто мудроста е подобра од бисер, и ништо, од она што е скапоцено, не мо­же да се спореди со неа.

Мудроста се претставува

12 Мудр 1 Јас, мудроста, живеам со разумот и барам расудувачко знаење.

13Стравот Господов го мрази злото; ја мрази гордоста и високомерноста, ло­шиот пат и подмолната уста.

14Мои се советот и правдата; јас сум разум, во мене е силата.

15Преку мене цареви царуваат, и за­поведници правда озаконуваат;

16преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни.

17Мт 7,8; Јн 14,23Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои ме бараат, ќе ме најдат;

18во мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата;

19плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеќе отколку од најчисто сребро.

20Јас одам по патот на правдата, по патеките на правосудството,

21за да им доставувам вистинско доб­ро на оние, што ме сакаат, нивните риз­ници ги полнам.

21а Ако го објавувам она што се слу­чува секојдневно, нема да заборавам да го спомнам и она што е отсекогаш.

22Сир 24,9-22; Кол 1,17

Јн 1,1; Откр 3,14Господ ме имаше за почеток на Својот пат, пред сите Свои творби,

23ме имаше уште од вечноста, во по­четокот, пред да ја создаде Земјата.

24Јас сум се родила, кога уште немало бездни, кога уште не постоеле из­во­ри, изобилни со вода.

25Јас сум се родила пред да бидат вте­мелени горите, пред ридовите,

26кога Господ уште не беше ја создал Земјата, ни полињата, ниту првите пра­шинки на вселената.

27Кога Тој го оформуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше хоризонтот над бездната,

28кога ги утврдуваше облаците во ви­сините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната,

29кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брегови, кога ги полнеше основите на Земјата, –

30јас бев кај Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред ли­цето Негово за сето време,

31веселејќи се на Неговиот земен круг. А потоа радоста моја беше со си­новите човечки.

Блажени се оние што ја слушаат мудроста

32И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта!

33Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа.

34Блажен е оној човек, кој ме слуша, станувајќи бодар секој ден кај портите мои и стоејќи на стража при вратата моја!

35Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ќе добие благодат од Господ;

36а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help