Михеј 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мир и напредок

1 Ис 2,2-4; Ер 3,17; Зах 8,20-23 И, ете, во последните дни планината на Господовиот дом ќе биде поставена на чело над сите планини, и ќе се издигне над ридовите, и ќе по­и­таат кон неа народите.

2И ќе тргнат многу народи, и ќе ре­чат: „Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јаков – и Тој ќе нѐ научи на Своите свети патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе Законот, и од Ерусалим – сло­вото Господово.

3Ос 2,18Тој ќе управува со многу народи и ќе пресудува меѓу многу племиња во далечни краишта; па ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои – во српови; и народ против на­род нема да крене веќе меч, и нема веќе да се учат да војуваат;

4Ис 1,20; Зах 3,10секој ќе седи спокојно под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да се плаши, зашто устата на Гос­под Саваот го изрекла тоа.

5Ис 2,5; Зах 10,12Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.“

Господ ќе ги доведе Своите

6 Ез 34,4.16; Соф 3,19 Во оној ден, вели Господ, ќе собе­рам сѐ што е куцо, и ќе соединам што е разгонето, и оние, врз кои сум до­пуштил неволја.

Остатокот од Божјиот народ

7 Ис 4,3; Пс 98,2 И ќе направам од остатокот на ку­ците и прснатите по светот силен народ, и Господ ќе царува над нив на гората Сион од сега па довека.

8А ти, куло на стадото, риду на Сионовата ќерка, кај тебе ќе дојде и ќе се врати поранешното владение, царството – кај ќерките ерусалимски.

9Ер 6,24; 8,19А зошто ти сега така гласно пла­чеш? Зар немаш цар или ти не­достига советник, па те обзеле маки како кај родилка?

Истребување на идолите

10 Ис 66,7-9 Страдај и мачи се од болки, ќерко Сионова, како родилка, зашто сега ќе излезеш од градот, ќе живееш во по­лето и ќе стигнеш во Вавилон. Таму ќе бидеш избавена, таму ќе те откупи Господ од рацете на непријателите твои.

11Зах 12,3А сега се собрани многу народи против тебе и велат: „Нека биде осквернета и очите наши да се на­гле­даат на Сион!“

12Ис 55,8-9; Пс 27,5Но тие не ги знаат замислите на Господ и не ги разбираат намерите Негови – дека Тој ги собрал како снопје на гумно.

13Ис.Н. 3,11; Зах 4,14; 6,5Стани и удирај, ќерко Сионова, зашто Јас ќе го направам рогот твој железен и копитата твои бакарни; ќе прегазиш многу народи, и нивните трудови и богатства ќе ги посветиш на Господ – Владетелот над целата земја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help