Наум 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророштво за разурнување на градот Ниневија

1 Ис 5,26-30; 21,2; Ер 5,15; 6,22-30 Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собирај сили.

2Ис 5,1; Пс 79,14Зашто Господ ќе го обнови ве­ли­чието на Јаков, како величието на Из­раил, зашто пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа.

3Штитовите на неговите јунаци се црвенеат: војниците негови носат пурпурни облеки; колите бојни ќе фр­лаат оган во денот кога ќе ги построи; напаѓачите ќе се исправат.

4Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе из­гле­даат како запалени факли, и ќе свет­каат како молњи.

5Тој ги повикува јунаците свои, се фрлаат во рововите, брзаат кон ѕидините на градот, опсадата е веќе подготвена.

6Градските порти кај реките се отвораат, палатата трепери.

7Решено е: Господарката ќе биде во плен одведена, а слугинките нејзини ќе тагуваат како гулаби, удирајќи се в гради.

8Ниневија, откако беше основана, беше како преполнето езеро, а тие бегаат пред нејзините води. „Стојте, стојте!“ Но никој не се свртува да по­гледа.

9Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.

10Ис 13,7-8; Ер 4,31; 30,6; Јоил 2,6; Дан 5,6Ограбена, опустошена и разурната е таа – срцата се топат, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се пребледени.

11Ер 4,7; Ос 5,14; Мих 5,7Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги плашеше?

12Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пеш­те­рите свои и леглата свои со грабеж?

133,5Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече лавчињата твои, и ќе го истребам од земјата грабежот твој; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help