1 .
8.
14И синовите Израилеви му робуваа на моавскиот цар Еглон осумнаесет години.
15Тогаш синовите Израилеви пак повикаа кон Господ, и Господ им го избра за спасител Аод, синот на Гера, од Венијаминовото племе, кој беше левак. И синовите Израилеви испратија по него дарови до моавскиот цар Еглон.
16Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро,
17и однесе дарови на моавскиот цар Еглон, а Еглон беше многу дебел човек.
18Кога Аод ги принесе сите дарови и ги испрати луѓето што ги донесоа даровите,
19сам се врати откај идолите што се во Гилгал, и рече: „Царе, имам тајна порака за тебе.“ Тој рече: „Потивко!“ И излегоа сите што стоеја покрај него.
20Аод влезе кај него: тој седеше сам во летната горна соба. Тогаш Аод рече: „Имам Божја порака за тебе.“ Еглон стана од престолот.
21Кога тој стана, Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во неговиот стомак,
22така што сечилото влезе заедно со дршката, а салото го покри сечилото; бидејќи Аод не можеше да го извади мечот, од неговиот мев излегуваше нечистотија.
23Аод потоа излезе од собата, ја затвори вратата и ја заклучи.
24Откако излезе, слугите на Еглон дојдоа и видоа: ете, вратата на собата е заклучена, и си рекоа: сигурно тој е отиден по потреба до летната соба.
25Чекаа доста долго, но откако видоа дека никој не ја отвора вратата од собата, зедоа клуч и отклучија, а таму нивниот господар лежи на земјата мртов.
26Додека се чудеа, Аод избега, мина покрај идолите и се засолни во Сеира.
27А штом пристигна Аод затруби со труба во Ефремовата Планина, и слегоа со него синовите Израилеви од гората, и тој тргна пред нив.
28И им рече: „Одете по мене, зашто Господ ги предаде непријателите ваши, Моавците, во ваши раце.“ И тргнаа по него, ги презедоа моавските премини на Јордан, и не пуштија никој да премине.
29Тогаш убија околу десет илјади Моавци, сѐ здрави и силни, и никој не избега.
30Така се смирија во оној ден Моавците пред Израил, и земјата беше спокојна осумдесет години. (И Аод беше нивен судија до својата смрт).
Самегар31 5,6; 2 Цар 23,11-12 По него дојде Самегар, син Анатов, кој уби шестотини Филистејци со воловски остен; и тој исто така го избави Израил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
