Варух 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јудеите од Вавилон им се обраќаат на Јудеите во Ерусалим

1 Ер 29,1; 32,12; 36,4 Ова се зборови од книгата, што ја напиша во Вавилон Варух, синот на Нерија, син на Махсеја, син на Се­де­ки­ја, син на Асадија, син на Хелкија,

24 Цар 25,8-10; Ер 39,8; 52,12-14во петтата година, во седмиот ден од месецот, во времето кога Халдејците го презедоа Ерусалим и го изгореа со оган.

34 Цар 24,6-17; 25,27-30; Ер 52,31-34Варух ги прочита гласно зборовите од оваа книга пред Јехојахин, синот на Јоаким, јудејски цар, пред сиот народ, што беше дошол да ја слуша книгата,

4гласно пред високите царски чи­нов­ници и царските синови, пред ста­ре­ши­ните и пред сиот народ, од мал до го­лем, пред сите што живееја во Вавилон, покрај реката Суд,

5Јоил 2,12; Дан 9,3; 1 Езд 10,1; Јудита 4,12и тие плачеа, постеа и се молеа пред Господ.

6Дела 11,29Собраа и пари, секој според своите можности,

7и ги испратија во Ерусалим до пр­во­свештеникот Јоаким, син на Хелкија, син Саломов, до свештениците и до си­от народ, кој се наоѓаше со него во Еру­салим,

8Тогаш Варух ги зеде садовите однесени од домот на Господ, за да ги врати во Јудејската земја, во десеттиот ден од месецот сиван, сребрените садови, што ги беше направил јудејскиот цар Седе­кија, син Јошиин,

9Ер 24,1кога Навуходоносор, вавилонски цар, ги беше иселил од Ерусалим Је­хо-ниј и кнезовите, затворениците, моќ­ни­ците и народот и ги доведе во Вавилон.

101 Езд 6,10И рекоа тие: „Еве, ви испраќаме па­ри, со нив купете сепаленици, жртви за грев и темјан, принесете ги на дар и ста­вете ги на жртвеникот на Господ, на­ши­от Бог,

115 Мојс 11,21; Ер 27,5; 28,14; 29,7; 1 Езд 6,10молете се на Господ за Навуходо­но­сор, вавилонскиот цар, и за животот на неговиот син Валтазар, да им бидат деновите на нивниот живот на земјата како денови на небото.

12Пс 90,1; Плач 4,20; 1 Езд 9,8Господ Бог нека ни даде сила и нека ги просвети нашите очи, за да живееме под закрилата на вавилонскиот цар На­вуходоносор и под закрилата на не­говиот син Валтазар, за да им служиме многу дни и да најдеме милост пред нив.

131 Цар 12,19; Мих 7,9Молете Му се на Господ, нашиот Бог, и за нас, зашто згрешивме пред Господ, нашиот Бог, и не се одврати гневот на Господ од нас до денес.

14Прочитајте ја оваа книга, што ви ја испраќаме, за да се објави во домот на Господ, на ден празничен и во дни бе­ле­жити.“

Исповед на гревовите

15 2,6; 5 Мојс 9,7; Ер 7,19; Пс 43,14-15; Дан 9,7-11; 1 Езд 9,7 Тогаш речете: „Правдата е во Гос­под, нашиот Бог, а кај нас е – срамот на лицата како денес на сите Јудејци и на оние што живеат во Ерусалим,

16Ер 32,32; Дан 9,8; Неем 9,32на царевите и на кнезовите, на на­шите свештеници, нашите пророци и нашите предци,

17Ис 42,24зашто згрешивме пред Господ,

18Дан 9,10не Му се покорувавме и не го слу­шавме гласот на Господ, нашиот Бог, за да живееме според заповедите на Господ, нашиот Бог, што ни ги даде.

191 Цар 8,8; Ер 7,24-25; Дан 9,11; 1 Езд 9,7Од денот, кога Господ ги изведе на­шите предци од египетската земја, па до денес, ние бевме непослушни пред Гос­под, нашиот Бог, и не ни беше грижа што гласот Негов не го слушавме.

202 Мојс 3,8.17; 13,5; 33,3; 5 Мојс 11,26-28; 27,15-26; 28,15-68; 29,20; Ер 11,4-5; Дан 9,11Затоа нѐ постигнаа неволји и клет­ви, што ги одреди Господ пред својот слуга Мојсеј во оној ден, кога Тој ги изведе нашите предци од египетската земја, за да ни ја даде земјата, во која те­че мед и млеко.

21Ер 25,4Не го послушавме гласот на Гос­под, нашиот Бог – сите зборови ис­ка­жа­ни преку пророците, кои Тој ни ги пра­ти нам,

22Ис 65,2; Ер 11,8; 16,12; 18,12туку секој од нас одеше според мислите на своето лошо срце, служејќи им на други богови и вршејќи лоши дела пред очите на Господ, нашиот Бог.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help