Второзаконие 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Победата и спасението се од Бога, а не од човекот

1 1,28 Чуј, Израиле: ти денес ќе го минеш Јордан да завладееш народи, пого­леми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса,

24 Мојс 13,34луѓе големи, и многубројни, и високи, Анаковите потомци, за кои знаеш и си слушал: „Кој може да им се против­стави на Анаковите потомци?“

34,24; 2 Мојс 32,9; Евр 12,29Но сега знај дека Господ, твојот Бог, ќе оди пред тебе како оган, кој гори: Тој ќе ги истреби и ќе ги кутне пред тебе и ти наскоро ќе ги изгониш и ќе ги истребиш, како што ти рече Господ.

4Кога ќе ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: „Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа (добра) земја. Затоа што поради беззаконијата на овие народи Господ ги прогонува од пред тебе.“

57,7Не заради праведноста твоја и не за­ради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку по­ради бесчестието на тие народи Господ, твојот Бог, ги изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, со кој им се заколна Господ на предците твои: Авраам, Исак и Јаков;

6Дела 15,14; Рим 11,32; Тит 3,5затоа знај сега дека не заради праведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, – бидејќи си тврдоглав народ.

Златното теле: грешката на народот

7Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пус­тината: од оној ден, кога излеговте од египетската земја, па сѐ додека прис­тигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господ.

8И кај Хорев вие Го раздразнивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби.

94,13; Мт 4,2Кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ го беше склучил со вас; тогаш останав на планината че­тириесет дена и четириесет ноќи, леб не јадев и вода не пиев;

10и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието.

11Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноќи, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот,

12и ми рече Господ: „Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати; многу брзо тие отстапија од патот, што им го заповедав; тие си направија леан идол.“

13И ми рече Господ: „Го гледам тој народ, ете, тоа е тврдоглав народ;

1425,19; 4 Цар 14,27; Пс 68,28остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе ќе направам народ (поголем), посилен и помногуброен од нив.“

155,23Јас се свртев и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце;

16и видов дека вие бевте згрешиле против Господ, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бев­те отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ да го држите;

17тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас.

Златното теле: застапништвото на Мојсеј

18 9,9 И Му се помолив на Господ пак, ка­ко и порано, и пак четириесет дена и четириесет ноќи леб не јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згре­шивте, зашто извршивте зло пред Гос­под, вашиот Бог, и Го разгневивте;

19Евр 12,21бидејќи јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш.

20А и на Арон силно се разгневи Гос­под и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арон.

21А гревот ваш, што го направивте – телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината.

226,16; 2 Мојс 17,7; 4 Мојс 11,1-3И во Тавера, и во Маса, и во Кив­рот-Таава вие Го разгневивте Господа, вашиот Бог.

23И кога Господ ве прати од Кадис-Барнеа, со зборовите: „Одете и освоете ја земјата, што ви ја давам,“ – вие ѝ се противставивте на заповедта на Господ, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов.

24Ез 23; Пс 77,8; Дела 7,51Вие Му бевте непокорни на Господ уште од оној ден, кога ве запознав.

25И Му се молев на Господ, Го молев четириесет дена и четириесет ноќи, бидејќи Господ сакаше да ве истреби;

26Му се молев на Господ и реков: „Господи, Господи, (Царе на боговите), не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака;

27Рим 2,5спомни Си за Твоите слуги Авраам, Исак и Јаков; не гледај на жестокоста на овој народ, ниту на нечесноста негова, ниту пак на гревовите негови,

2832,27; 4 Мојс 14,16; Пс 114,2за да речат жителите на оваа земја, од каде што нѐ изведе: – Господ не мо­жеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустината, –

29а тоа е Твој народ и Твое наслед­ство, што Ти го изведе (од египетската земја) со Својата незапирлива сила.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help