Исаија 29 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ерусалим ќе страда

1 ќе остане кај Мене како Ариил.

322,2-11; 4 Цар 25,1-2; Лк 19,43Ќе се сместам на логорување околу тебе и ќе те стеснам со набљудувачка стража, ќе подигнам против тебе тврдини.

41 Цар 28,14И ќе бидеш понизен, ќе говориш ка­ко од под земја, и зборот твој ќе биде глув како говор од под прав, и гласот твој ќе биде како глас на мртовец, и зборот твој ќе се шепоти од под правот.

517,13-14; 25,2-5; Пс 1,4Твоите непријатели ќе бидат бројни, а угнетувачи на број како развеана пле­ва. И тоа ќе стане ненадејно, во еден миг:

630,27-30; 66,15; 2 Мојс 13,22; 19,16Господ Саваот ќе те посети со гром и потрес, со силен глас, со бу­ра и виор, со пламен од оган што голта сѐ.

7Пс 72,20; Јов 20,8И како сон, како ноќно видение во сон ќе биде: мноштво од сите народи, што војуваат против Ариил, од сите, из­лезени против него и тврдините негови, и од оние што го притесниле.

8И како што гладен сонува дека бо­жем јаде, но се разбудува, гладен; и ка­ко што жеден сонува дека божем пие, но се разбудува, премален и жеден: ис­тото ќе стане и со множеството од сите народи, што војуваат против гората Си­он.

Самоизмамливи пророци

9 51,21; Ер 23,9; Авак 1,5 Чудете се и скаменете се, ослепете и бидете слепи, опијанете се, но не од ви­но – тетеравете се, но не од жесток пи­јалак;

1019,14; 1 Цар 16,14; 26,12; Мих 3,6-7; Рим 11,8зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци!

11Дан 12,9; Откр 5,1-5; 7,1-5И секое пророштво за вас е како зборови во запечатена книга, што му ја даваат на оној, кој знае да чита книга, и велат: „Прочитај ја“, а тој одговара: „Не можам, зашто е запечатена.“

12Дела 8,30-31И му ја даваат книгата на оној, кој не знае да чита, и велат: „Прочитај ја“; и тој одговара: „Не знам да читам.“

131,11-15; Амос 5,21; Пс 77,36-37; Мт 15,8-9; Мк 7,6-7; Кол 2,22И рече Господ: „Бидејќи овој народ се приближува кон Мене со устата сво­ја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е са­мо научено човечко правило;

14Авак 1,5; Јов 12,17; 1 Кор 1,19; Ефес 4,18затоа, ете, Јас ќе постапам пак не­о­бично со овој народ, чудно и чудесно, така што мудроста на мудреците негови ќе загине, и разум во разумните нема да има.“

15Пс 9,24; Јов 22,13; 24,15; 34,21-22; Сир 23,18; Јн 3,19-20Тешко на оние што мислат да се со­кријат во длабочината, за да ги скријат своите намери од Господ, кои ги вршат делата свои во мрак и велат: „Кој ќе нѐ види, и кој ќе нѐ дознае?“

1645,9; 64,7; Ер 18,6; Мудр 12,12; Сир 33,13; Рим 9,20Каква неразумност! Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Ќе каже ли делото за оној што го направил: тој не ме направи? И ќе каже ли на­пра­ве­ното за мајсторот свој: тој не разбира?

Надеж за иднината

17 32,15 Уште малку, сосема малку, и Ливан нема ли да се претвори во градина, а градината нема ли да се претвори во го­ра?

1832,3; 35,5И во тој ден глувите ќе ги чујат збо­ровите од книгата, и очите на слепите ќе прогледаат од темнината и мракот.

1914,30; 41,17; Мт 5,3-4И оние што страдаат, сѐ повеќе и повеќе ќе се радуваат во Господ, а сиро­масите и бедните луѓе ќе воскликнуваат во Светецот Израилев;

2028,14.20зашто нема повеќе да има силник, хулител ќе исчезне; а ќе бидат истре­бе­ни и сите што смислуваат зло,

211,1-2; Амос 5,10кои го збркуваат човекот со зборови и му распнуваат мрежи пред портата на Судијата и го отфрлаат правиот.

2241,8; 45,17; 51,2Затоа така вели Господ за Ја­ко­во­ви­от дом, Оној, Кој го откупи Авраама: тогаш Јаков нема да биде во срам и ли­цето негово веќе нема да побледува.

238,13; 49,26; 60,21; 64,8Зашто кога ќе ги види околу себе децата свои, дело на Моите раце, тој свето ќе го почитува името Мое и свето ќе го почитува Светецот Јаковов, со трепет ќе стои пред Бог Израилев.

2428,9Тогаш оние што се со духот заблудени ќе ја познаат мудроста, и непокорните ќе се вразумат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help