1 8,3; 9,9 Зашто секој Првосвештеник, кој од луѓе се избира, за луѓето се поставува на служба Божја, да принесува дарови и жртви за гревовите,
22,17-18; 4,15; 7,27-28; Мт 18,12и да може да ги разбира оние што се неумешни и заблудени, бидејќи и самиот е со слабости;
37,27; 9,7; 3 Мојс 9,7; 16,6.15-16и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви.
42 Мојс 28,1; 4 Мојс 18,7; Јн 3,27И никој сам не се здобил со таква чест, туку само оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон.
54,14; Пс 2,7; Јн 8,54Така и Христос не се прослави Сам Себеси, станувајќи првосвештеник, туку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“
67,1-28; 1 Мојс 14,18; Пс 109,4Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“
7Пс 67,20; Мт 26,38-46; Јн 12,27Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата потчинетост од почит беше чуен.
82,10; 9,12; Рим 5,19; Фил 2,8-9; Ис 45,17Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада,
9а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни,
104,14и од Бога беше наречен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков.
Да останеме во верата11За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, бидејќи тешко сфаќате.
121 Кор 3,1-3; 1 Птр 2,2Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.
13Ефес 4,14Секој што се храни со млеко, е невешт во словото на правдата, бидејќи е дете;
141 Мојс 3,22; Ис 7,15; 1 Кор 2,6; Ефес 4,13а тврдата храна е за зрелите, кои благодарејќи на поуката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро од зло.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
