Исус Навин 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Борбата кај Мером

1 Суд 4,2-23; Пс 47,4 Кога го чу тоа хацорскиот цар Јавин, прати луѓе кај мадонскиот цар Јовав и кај шимронскиот цар, и кај ахшафскиот цар,

2и кај царевите, што живееја на пла­ни­ната откај север, и во долината јужно од Генисаретското Езеро и во рамнината и на височините кај Дор на запад.

3И кај приморските Хананци, што живееја на исток, и кај приморските Аморејци, и кај Хитијците, и кај Пери­зијците и Јевусијците, кои живееја во планината, и кај Евејците, што живееја во подножјето на Ермон, во регионот Мицпа.

4Суд 5,19; 7,12; 1 Цар 13,5; Откр 20,8И излегоа сите тие цареви, а со нив и многу луѓе, толку многу колку пе­сокот во Приморјето, со коњи и многу коли.

5И слегоа сите тие цареви, па се соединија и се сместија кај езерото Мером, за да војуваат против Израил.

6Но Господ му рече на Исус: „Не плаши се од нив, зашто утре, во ова време, ќе им ги предадам нив сите на синовите Израилеви, за да ги убијат; а на коњите да им ги пресечат жилите и колите со оган да ги изгорат.“

7Исус и со него сите способни за вој­на излегоа ненадејно против нив кај Меромското Езеро и ги нападнаа.

8И Господ ги предаде во рацете Из­раилеви, и тие ги разбија и ги гонеа ду­ри до големиот град Сидон и до Мис­рефот-Маим и до долината на Мицпа на исток, и ги убиваа сѐ додека од нив не остана никој жив.

9И постапи Исус со нив така, како што му рече Господ: на коњите им ги пресече жилите, а колите им ги изгоре со оган.

Пустошењето на Асор

10Во исто време Исус, откако се вра­ти, го презеде Асор и царот негов го уби со меч. Асор, пак, порано беше главен град на сите тие царства;

114 Мојс 31,10; 5 Мојс 7,2; 20,16-17и погуби со меч сѐ живо, што беше во него, и не остави во него ниедна жи­ва душа. А Асор, тој го изгоре со оган.

124 Мојс 33,50-52; 5 Мојс 7,2; 20,16-17И сите градови на тие цареви ги зазеде Исус, и царевите со меч ги уби, како што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов.

13Но, сите тие утврдени градови, Израил не ги изгоре, освен Асор, кој го запали Исус.

145 Мојс 20,16А сето богатство од тие градови и сиот добиток го запленија синовите Из­раилеви; сите луѓе, пак, ги убија со меч, така што сите беа истребени; не оставија од нив ниту една жива душа.

151,7Како што му беше заповедал Гос­под на Својот слуга Мојсеј, така Мојсеј му заповеда на Исус, а Исус така и направи: не отстапи ниту од еден збор во сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

Исус ги завршува освојувањата на земјите

16Така ја презеде Исус целата онаа земја: планинската област и целата земја Негев и целата земја Гошен, како и рамнината на запад, и планината Из­раилева, и полињата (покрај планината),

175 Мојс 7,24од планината Халак, која се протега кон Сеир, и дури до Ваал-Гад, во до­лината на Ливан, под планината Ермон, и сите цареви нивни ги фати и ги уби.

18Долго време Исус војуваше со тие цареви.

19И немаше ниеден град, кој Господ не му го предаде на Израил, освен Га­ваон во кој живееја Евејците; сите тие со борба ги зазедоа;

20зашто од Господ беше тоа, тие да го ожесточат срцето свое и да започнат борба против Израил за да бидат фр­лени во проклетство и за нив да нема милост, туку да бидат погубени така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

215 Мојс 2,10-11; Суд 1,10-15Во тоа време пристигна Исус и ги нападна Анакијците на планината, во Хеврон, во Давир, во Анав, по целата планина Израилева, и по целата планина Јудина со градовите нивни и ги фрли во проклетство.

22Од Анакијците не остана ниеден во земјата на синовите Израилеви; останаа само во Газа, во Гет и во Ашдод.

2321,43-45; 5 Мојс 1,38; 12,9-10; 25,19; Суд 3,11Така ја презеде Исус целата земја, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, и му ја предаде Исус во наследство на Израил, откако ја раздели на племињата нивни. И земјата престана да војува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help