1 2,10.19 Кога слушнаа Санавалат, Товија и Гешем, Арабјанецот и другите наши непријатели дека јас го изѕидав ѕидот, и дека на него не остана ниту една пукнатина – до тоа време, меѓутоа, не бев поставил уште врати на портите, –
2тогаш Санавалат и Гешем испратија луѓе да ми кажат: „Дојди да се сретнеме во Ќефирим, во долината Оно!“ Тие намислиле да ми направат зло.
3Но јас испратив пратеници да им кажат: „Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам кај вас.“
45,8Четирипати тие ми испраќаа таква покана, а јас им враќав ист одговор.
5Тогаш Санавалат го испрати по мене, за петти пат, слугата свој со отворено писмо во раката своја.
6Во него беше напишано: „Глас се разнесува меѓу народите, и Гешем тврди дека, божем, ти и Јудејците сте намислиле да дигнете востание, поради што и го ѕидаш ѕидот и сакаш да им бидеш цар; така се зборува;
7си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‚цар јудејски!‘ А таквите зборови ќе дојдат до царот. Затоа дојди, и ќе се посоветуваме заедно.“
8Но јас испратив да му кажат: „Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум.“
9А тие сите нѐ заплашуваа, велејќи: „Ќе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши.“ Но јас уште повеќе си ги зацврстив рацете свои.
104 Мојс 18,7Отидов во куќата на Шемаја, син на Делаја, син Мехетавелов, и тој се затвори и рече: „Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклучиме потоа вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат ноќе.“
11Но јас одговорив: „Зарем треба да бега човек како мене? Треба ли таков човек каков што сум јас да влезе во храмот за да остане жив! Не одам.“
12Ез 13,22-23Јас знаев дека не го беше испратил Бог, – иако ми говореше пророчки, – туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле.
13Ер 20,10Тој беше поткупен за да ме исплаши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори.
14Ер 23,9-40; Зах 13,2-3Помни ги, Боже мој, Товија и Санавалат според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци што сакаа да ме уплашат?
15Ѕидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот елул, точно за педесет и два дена.
16Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и го видоа тоа сите околни народи, многу се исплашија и сфатија дека таа работа е извршена од нашиот Бог.
17Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци пишуваа писма и ги испраќаа до Товија, а Товиевите писма одеа до нив,
18зашто мнозина во Јудеја со заклетва склучија сојуз со него, зашто тој му беше зет на Шеханија, син Арахов, а синот негов Јонатан беше женет за ќерката на Мешулам, синот на Варахија.
19Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија испраќаше писма за да ме заплаши.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.