Изреки 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 1,1; 10,1 И ова се мудри изреки Соло­монови, што ги собраа луѓето на ју­дејскиот цар Езекија.

Разни изреки

2 16,1; 20,24; 24,21-22 Слава за Бога е да ја обвива секоја работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите.

3Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо.

416,12; 20,8; 29,14Оддели ја смесата од среброто, и ис­тата ќе биде работа на златарот;

5оддалечи го неправедниот од царот, и престолот негов ќе се зацврсти со правда.

611,2; 16,18; 18,12; 29,23; Лк 14,8-11Не се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците;

7зашто подобро е кога ќе ти кажат: „Дојди тука погоре“, отколку кога ќе те понизат пред очите на кнезот.

817,14; 18,17; 26,10Не брзај да покренуваш тужба, заш­то, што ќе правиш на крајот, кога твојот противник ќе те посрами?

9Суди се со противникот, но туѓи тај­ни не откривај,

10за да не те прекори оној, што ќе го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе.

10а Милоста и пријателството ослободуваат – зачувај ги за себе за да не ис­паднеш достоен за навредување, но сочувај ги своите патишта добро уредени.

1115,23.31Умесно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка.

12Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и ук­рас од чисто злато.

1313,17; 25,25Како ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се ис­праќа: тој му донесува утеха за душата на својот господар.

1420,6; Јуда 1,12Како облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци.

1515,1; 16,14Со долготрпеливост се придобива и судија, а мек јазик коски крши.

1625,27Ако најдеш мед, јади колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го по­вратиш.

1718,19Не оди често во куќата на прија­те­лот свој, за да не му додеваш и да не те намрази.

1812,18; 24,28Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој сведочи лажно против ближниот свој.

1926,18-19Она што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безнадежниот во злочест ден.

2012,25; 14,10Тоа што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на ра­на, таков е оној, кој песни пее на ната­жено срце.

20а Како што молец ја оштетува облеката и црвите дрвото, така и пакоста го повредува човековото срце.

2124,17-18; Рим 12,20Ако непријателот твој е гладен, на­храни го со леб; и ако е жеден, напој го со вода;

22зашто, правејќи го тоа, ти натрупуваш жар врз главата негова, и Господ ќе ти воздаде.

2328,23Северниот ветер дожд донесува, а таен јазик – незадоволни лица.

2421,9Подобро да живееш во агол на по­кривот, отколку со жена кавгаџика во широка куќа.

2515,30; 25,13Она што е студената вода за из­ма­чената од жед душа, тоа е добрата вест од далечна земја.

2618,4Она што е нечист извор и матен кладенец, тоа е праведниот кој попушта пред безбожниот.

2725,16Како што не е добро да се јаде мно­гу мед, така и да се лакомиш за слава.

2829,11Она што е разрушен град, без ѕи­до­ви, таков е човекот, кој не владее со ду­хот свој.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help