Еремија 38 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Еремија го фрлаат во јама

1Сафатија, синот Матанов, Годолија, синот Пашхуров, Јухал, си­нот Шелемиев, и Пашхур, синот Мел­хиев ги чуја зборовите, што ги кажа Еремија пред народот, откако рече:

221,9„Вака вели Господ – оној, што ќе ос­тане во овој град, ќе умре од меч, од глад и од помор; а оној, што ќе појде кај Халдејците, ќе остане жив, и животот ќе му биде како воен плен и тој ќе оста­не жив.

3Така вели Господ – овој град бездруго ќе биде предаден во рацете на војската од вавилонскиот цар, и тој ќе го пре­земе.“

4Тогаш кнезовите му рекоа на царот: „Овој човек нека биде предаден на смрт, зашто влијае да ослабат рацете на војниците, што ќе останат во овој град, рацете на сиот народ, откако им ги ка­жа тие зборови; бидејќи овој човек не му пожелува добро на овој народ, туку зло.“

5Дан 5,16; Дан 14,30И рече царот Седекија: „Ете, тој е во ваши раце, бидејќи царот не може ништо да направи против вас.“

6Тогаш го фатија Еремија и го фрлија во јамата на Малкија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го спуштија Еремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Еремија падна во ти­њата.

7И чу Авдемелех Етиопјанецот, еден од дворјаните, што се наоѓаше во цар­­скиот дом дека Еремија го фрлија во ја­мата, а царот тогаш седеше пред порти­те Венијаминови.

8Па излезе Авдемелех од царскиот дом и му рече на царот:

9„Господаре мој, царе, лошо ти на­правија оние луѓе што така постапија со пророкот Еремија, кого го фрлија во ја­мата; тој ќе умре таму од глад, зашто во градот веќе нема леб.“

10Царот му заповеда на Авдемелех Етиопјанецот и рече: „Земи со себе од­овде триесетина луѓе и извлечи го пророкот Еремија од јамата, додека уште не умрел!“

11Авдемелех зеде со себе луѓе и влезе во царскиот дом, во подземјето, и зеде оттаму износени алишта, стари крпи, па ги спушти со јаже во јамата кај Ере­мија.

12И му рече Авдемелех Етиопјанецот на Еремија: „Стави ги тие ветви алишта и крпите под мишките на рацете свои, под јажето.“ И Еремија направи така.

1338,28Па го повлекоа Еремија со јажето и го извлекоа од јамата. И остана Еремија во стражарницата.

Царот Седекија се допрашува кај Еремија

14Тогаш царот Седекија прати, па го повика при себе Еремија, кај третиот влез во домот Господов; и му рече на Еремија: „Ќе те прашам нешто, но не сокривај ништо од мене.“

15И му рече Еремија на Седекија: „Ако ти откријам, нема ли да ме пре­да­деш на смрт, а ако те посоветувам, ти нема да ме послушаш.“

164,2; 16,14; 44,26И му се заколна тајно царот Седе­кија на Еремија, велејќи: „Жив Господ, Кој ни ја создаде душата, нема да те предадам на смрт и нема да те предадам во рацете на оние луѓе, што ја бараат душата твоја.“

17Тогаш Еремија му рече на Се­де­ки­ја: „Вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев – ако отидеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, душата ќе ти остане жива, и овој град нема да биде изгорен со оган, и ти ќе бидеш жив, а и домот твој;

18ако, пак, не појдеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ќе биде предаден во рацете на Халдејците, и тие со оган ќе го изгорат, а ти нема да по­бегнеш од рацете нивни.“

19И му рече царот Седекија на Ере­мија: „Се плашам од Јудејците, кои појдоа кај Халдејците, за да не ме предадат Халдејците во рацете нивни, па тие да се исмеат со мене.“

2042,6И му рече Еремија: „Нема да те предадат; послушај го гласот Господов за ова, што ти го кажувам, па ќе ти биде добро, и жива ќе остане душата твоја.

21Ако, пак, не сакаш да појдеш, еве го словото што ми го откри Господ:

22Авд 1,7ете, сите жени, што ќе останат во домот на јудејскиот цар, ќе бидат одведени кај кнезовите на вавилонскиот цар, и ќе речат: ‚тебе те излажаа и те победија твоите пријатели; нозете твои потонаа во тиња, а тие побегнаа од тебе,

23и сите твои жени и децата твои ќе ги одведат кај Халдејците, и ти не ќе можеш да избегаш од рацете нивни; ти ќе бидеш грабнат од раката на вавилонскиот цар и ќе направиш овој град да биде изгорен со оган.‘“

24И му рече Седекија на Еремија: „Никој да не ги знае овие зборови, и то­гаш ти нема да умреш;

25ако, пак, чујат кнезовите дека сум зборувал со тебе, и дојдат кај тебе и ти речат – кажи ни, што му зборуваше на царот, не криј од нас, и ние нема да те убиеме, а и она, што ти рече царот,

26тогаш кажи им: јас му ја изнесов пред лицето на царот мојата молба, за да не ме враќа во домот на Јонатан, па да не умрам таму.“

27И дојдоа сите кнезови кај Еремија и го прашаа, а тој им одговори точно онака, како што му беше заповедал ца­рот да каже, и тие молчешкум го ос­та­вија, бидејќи не го дознаа она што му беше речено на царот.

2838,13; 39,14-15И остана Еремија во стражарницата до денот, во кој Ерусалим беше пре­земен. И Ерусалим го презедоа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help