Езекил 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Гревовите ерусалимски

1И дојде слово Господово до мене:

220,4„А ти, сине човечки, сакаш ли да су­диш, да го судиш крвавиот град? Ис­ка­жи му ги сите негови гадотии.

3И кажи – вака вели Господ Бог: – О, граде, кој проливаш крв среде себе, за да дојде времето твое, и кој си правиш идоли, за да се осквернуваш,

4со крвта, што си ја пролеал, се обви­нуваш, и со идолите, што си ги направил, се осквернуваш себеси, се прибли­жија деновите твои и достигна времето твое. Затоа ќе те предадам за потсмев на народите, за поруга на сите земји.

5Твоите блиски и твоите далечни ќе ти се смеат, зашто го оскверни името свое и се прочу со беззаконијата свои.

6Мих 3,1-3Ете, началниците израилски, секој според силите свои, што беа кај тебе, решија крв да пролеваат.

72 Мојс 20,12; 22,21-22; 5 Мојс 24,17Во тебе татко и мајка хулат, придојден навредуваат среде тебе, и сирак и вдовица измачуваат во тебе,

83 Мојс 19,30; 26,2светињите Мои не ги почитуваш и саботите Мои ги нарушуваш.

9Во тебе има клеветници, крв што пролеваат и по планините јадат идолски жртви, среде тебе вршат гадотии.

103 Мојс 18,6-20Кај тебе ја откриваат голотијата на татко си, силуваат жени во времето, ко­га тие се чистат од нечистотиите свои.

11Еден врши осквернување со жената на блискиот свој, друг ја осквернува снаата своја, трет ја напаѓа сестрата своја, ќерката на таткото свој.

122 Мојс 23,8; 3 Мојс 25,36-37; 5 Мојс 16,19Кај тебе се зема поткуп за да се пролива крв; ти земаш лихва и дарови и со сила изнудуваш добра од ближниот свој, а Мене Ме заборави, вели Господ Бог.

13И ете, Јас плеснав со рацете за тво­ето користољубие, што се разоткрива кај тебе, и за крвнината, која се извр­шу­ва кај тебе.

14Ќе устои ли твоето срце, ќе бидат ли цврсти рацете твои во деновите, кога ќе дејствувам против тебе? Јас, Господ, велам – и ќе извршам.

155,10Ќе те распрснам меѓу народите, ќе те развеам по земјите и ќе ставам крај на твоите гадотии кај тебе.

16И сам ќе си направиш за да бидеш презрен пред очите на народите, па ќе познаеш дека Јас сум Господ.“

Божјото прочистување

17И дојде слово Господово до мене:

18Ис 1,22„Сине човечки, домот Израилев стана во мене згура: тие сите се калај, бакар, железо и олово во печка; станаа како згура.

19Затоа, така вели Господ Бог: ‚Бидејќи сите вие станавте згура, затоа, еве, Јас ќе ве соберам во Ерусалим.

20Мал 3,2-3Како што во печка ги ставаат заедно среброто, бакарот, железото, оловото и калајот, за да раздувуваат врз нив оган и да ги растопат, така во гневот Свој и во јароста Своја ќе ве кутнам, ќе ве ставам и ќе ве растопам.

21Ќе ве соберам и ќе дувнам врз вас оган од Мојот гнев и ќе се растопите во него;

22како среброто што се топи во печ­ката, така ќе се растопите и вие и ќе познаете дека Јас сум Господ, Кој ја из­лева јароста Своја врз вас.‘“

Гревовите на водачите

23И дојде слово Господово до мене:

24Сине човечки, кажи му: „Ти си зем­ја неисчистена, неполивана со дожд во гневен ден.“

25Соф 3,3-5; 1 Птр 5,8Пророците нејзини се огласија како лав што рика, кој го раскинува пленот; тие јадат души, одземаат имоти и драгоцености и со тоа го умножуваат бројот на вдовиците.

2644,23; 3 Мојс 10,10Свештениците нејзини го на­ру­шу­ваат Мојот закон и ги осквернуваат Мо­ите светињи, не одвојуваат свето од нес­вето и не прават разлика меѓу чисто и нечисто; од саботите Мои ги покриваат очите свои, и Јас сум понизен меѓу нив.

27Кнезовите нејзини се како волци, кои грабаат плен, проливаат крв, по­гу­буваат души за да придобијат корист.

2813,10-16А пророците нејзини сѐ замач­ку­ва­ат со кал, гледаат суета и им претска­жуваат лага, велејќи: „Така вели Гос­под Бог“, иако Господ не рекол така.

29А меѓу народот се угнетуваат еден со друг, грабаат и присилуваат беден и сиромав, и неправедно угнетуваат при­дој­ден.

3013,5; Пс 105,23Јас барав кај нив човек, кој ќе ги об­нови ѕидините, да застане пред Мене во одбрана на оваа земја да не ја сотрам, но не најдов.

319,10; Соф 3,8Па затоа, ќе го излеам врз нив Мо­­­от гнев, со огнот на Мојата јарост ќе ги истребам, нивното лошо однесување ќе го свртам на главите нивни, вели Гос­под Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help