Псалми 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 16Праведникова молитва

1Слушни ја, Господи, правдата моја, чуј го мојот повик, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста.

2Од Твоето присуство нека излезе пресудата за мене; очите Твои нека ја гледаат правдината.

37,9; 25,2; 65,10; 138,1-3.23; Јов 7,18; 22,10Ако го искушаш срцето мое, ако ме посетиш ноќе; ако ме провериш: нема да најдеш злонамерност во мене. Не згреши устата моја,

4Јов 23,12; 26,4како што прават другите; поради зборовите на устата Твоја јас го одбегнував патот на насилниците.

5Стапките мои беа непоколебливи на патиштата Твои, нозете мои не застра­нија.

630,2; 85,1; 87,2; 101,2Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чу­еш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои.

7Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се засол­ну­ваат од непријателите – покрај Тво­ја­та десница.

85 Мојс 32,10; Зах 2,8; Изреки 7,2; Сир 17,22; Пс 35,7; 56,1; 60,4; 62,7; 90,4; 5 Мојс 32,11; Мт 23,37; Лк 13,34Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крилја,

9од лицето на нечестивите, кои ме на­паѓаат, од непријателите на душата мо­ја, што ме опкружуваат:

1072,7; 118,70тие срцето свое го затворија за ми­лост, а со устата своја – горделиво збо­руваат.

11Гонејќи ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои за да ме соборат на земја;

127,2; 9,29; 21,13; 34,17; 56,4тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во заседа.

13Стани, Господи, пресретни ги и со­бори ги; со Својот меч спаси ја душата мо­ја од нечестивиот,

14а со раката Своја од луѓето, Гос­по­ди, од луѓето чиј дел е само овој живот. Нека им се наполнат стомаците со тво­ите добра, нека се наситат нивните си­нови и нека им остават од вишокот на децата свои.

154,7; 10,7; 72,25-26; 4 Мојс 12,8; Откр 22,4А јас ќе го гледам лицето Твое во правда, ќе се наситам од ликот Твој, ко­га еднаш ќе се покаже славата Твоја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help