1Проговори Вилдад од Шуах и рече:
211,3„Кога најпосле ќе им ставиш крај на таквите зборови? Размисли се, па потоа да зборуваме.
3Зошто нѐ сметаш за неразумни животни? Зар сме животни во твоите очи?
415,2О ти, кој во гневот свој ја раскинуваш душата своја! Зарем заради тебе да запусти земјата и карпата да се крене од своето место?
518,18Да, светлината кај беззаконикот ќе згасне, и пламенот од огнот негов нема да остане.
6Ер 25,10; Јн 8,12Светлината ќе потемнее во шаторот негов, светилото негово ќе згасне над него.
7Пс 17,36; Изреки 4,12Стапките на силата негова ќе ослабат, сопствената мисла ќе го отфрли,
819,6; 22,10; Пс 34,7-8; 140,6зашто ќе падне во мрежа со нозете свои, и по јамки ќе оди.
9Јамката ќе ја фати ногата негова и врвцата ќе се затегне околу него.
10Скришно се поставени за него сопки на земјата, пречки има на патот по кој оди.
1115,21; Мудр 17,3-14Ужаси од секаде го демнат и тој се метка наваму – натаму.
12Од глад се истоштува силата негова, смртта е готова, близу е до него.
1327,15Таа ќе ги испојаде деловите на кожата негова, ќе ги испојаде деловите негови првенецот на смртта.
1420,25Од безбедноста на шаторот негов сосила го извлекуваат и при царот на ужасите го водат.
155 Мојс 29,23; Ис 34,9; Пс 10,6Ќе се населат во шаторот негов, зашто веќе не е на него: живеалиштето негово ќе биде посипано со сулфур.
16Одоздола ќе се исушат корените негови, одозгора ќе овенат ветките негови.
17Пс 9,5; 33,17; 108,13Споменот за него ќе исчезне од земјата, на плоштадот ќе го нема името негово.
18Изреки 10,7Ќе го изгонат од светлина во темнина и ќе го истераат од лицето на земјата.
19Ис 14,22; Ер 22,30; Пс 36,28Ни син негов, ни внук нема да има во народот негов: никој нема да остане во живеалиштата негови.
20На Запад и на Исток ќе се чуе за судбината негова, ужас и трепет меѓу луѓето ќе настане.
21Таква е судбината на беззаконикот, тоа го чека живеалиштето на оној, кој не знае за Бога.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
