1 Мудр 3,1-9; Јк 1,2-4; 1,12-16 1 Птр 4,12; Откр 2,10 Синко мој, ако сакаш да Му служиш на Господа, приготви ја душата своја за искушение.
2Подготви го срцето твое и биди цврст; не збунувај се во часот на напаствување.
3Откр 3,21Прилепи се до Него и не отстапувај, за да бидеш прославен во последниот ден.
4Рим 5,3Прифати сѐ што и да ти се случи; биди трпелив и во променливостите на твоето понижување,
5зашто, како што златото се испробува во оган, така Божјите избраници се проверуваат во фурната на понижувањето.
6Ер 17,7; Изреки 3,5-6Верувај во Господа, и Тој ќе ти помогне; оди по прави патишта и надевај се на Него.
7Мт 7,14Вие што имате страхопочит кон Господа, чекајте ја Неговата милост; не оддалечувајте се од Него за да не загинете.
8Вие што имате страхопочит кон Господа, имајте доверба во Него; наградата ваша нема да изостане.
9Вие што имате страхопочит кон Господа, надевајте се дека ќе добиете добро, вечна радост и милост.
10Ис 51,1-3; Пс 21,4-5; 37,22Погледајте ги поранешните поколенија и видете: дали се посрамил некој што верувал во Господа? Дали некој кој имал страв од Господа, бил напуштен? И дали некогаш бил презрен оној што барал помош од Него?
112 Мојс 34,6-7; Пс 144,8; Неем 9,31Зашто Господ е милостив и милосрден; ни ги проштева гревовите и нѐ избавува во деновите на неволја.
12Пс 118,113Тешко им на плашливите срца, на обесхрабрени раце и на грешник, кој оди по две патеки.
13Тешко му и на обесхрабреното срце; тоа не верува и затоа нема да најде закрила.
141 Мојс 50,24; Ис 23,17; Лк 1,68.78Тешко вам што сте го загубиле трпението! Што ќе правите кога ќе ве посети Господ?
155 Мојс 6,5-6; 10,12.13; Јн 14,15.23; 1 Јн 5,3Оние, коишто имаат страв од Господа, нема да бидат недоверливи кон Неговите зборови; оние коишто Го сакаат – одат по Неговите патишта.
1632,15Оние, коишто имаат страв од Господа, ја исполнуваат Неговата волја, а оние што Го љубат – Го пазат законот Негов.
17Оние, коишто имаат страв од Господа, го приготвуваат своето срце и се понизуваат пред Него во својата душа, велејќи:
182 Цар 24,14; 1 Лет 21,13„Да паднеме во рацете на Господа, а не во рацете на луѓето; зашто каква што е Неговата големина, таква е и Неговата милост.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
