1 5 Мојс 33,3; Изреки 16,1; Мудр 7,16 И сево ова го ставив во срцето свое, за да испитам дека праведните и мудрите нивни дела се во рацете Божји, и дека човекот не знае ни за љубов, ни за омраза во сето тоа, што е пред него.
23,19За секој и за сите е едно: една судбина за праведен и неправеден, за добар и лош, за чист и нечист, како за оној кој принесува жртви, така и за оној кој не принесува; како за добар, така и за грешник; како за оној што се колне, така и за оној што се плаши од клетва.
38,11Токму тоа е најлошо од сѐ што се случува на земјата, дека еден е крајот за сите, па затоа срцето на синовите човечки е полно со зло, и безумие има во срцето нивно додека се живи; а потоа тие умираат.
4Кој е меѓу живите, има уште надеж, бидејќи и куче живо е подобро, отколку мртов лав.
58,10Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот,
6Сир 14,19и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата.
72,24И така, оди, јади го радосно лебот свој и пиј го со радосно срце виното свое, кога Бог има наклоност кон твоите дела.
8Во секое време облеката да ти биде празнична, и секогаш да има миризливи мазила на лицето твое.
9Изреки 5,18Во сите дни на својот суетен живот насладувај се од животот заедно со жената, што ја сакаш, и која ти ја дал Бог на земјата за сите твои суетни дни; зашто, тоа е твој дел во животот и во твоите трудови, со кои се трудиш на земјата.
10Сир 14,16Сѐ, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.
Мудроста не е секогаш ефикасна11И пак видов на земјата дека на брзите не им се дава победа, ниту на храбрите – битката, ниту на мудрите – леб, ниту на разумните – богатство, ниту на искусните – благонаклоност, но времето и приликите им се случуваат на сите нив.
12Лк 12,20Зашто човек не знае кога ќе го снајде несреќа. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што птиците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во тешко време, кога тоа неочекувано ќе дојде за нив.
13Еве уште каква мудрост видов на земјата, и таа ми се причини голема:
14мал град и во него малку луѓе; дојде против него голем цар, го опколи и почна околу него да издига големи опсадни направи;
154,13; Изреки 21,22; 24,5но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спаси тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав.
167,19И јас си реков: мудроста е подобра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и зборовите негови не се слушаат.
17Зборовите на мудрите, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, отколку викањето на кнез меѓу глупаци.
18Мудроста е подобра од воено оружје; но еден грешник расипува многу добри работи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.